• Latest

Мас: Ќе сториме се што е во наша моќ за старт на преговорите до крајот на годинава

November 16, 2020
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Мас: Ќе сториме се што е во наша моќ за старт на преговорите до крајот на годинава

November 16, 2020 17:22
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев ја доби наградата за човекови права за 2020 што ја доделува Фондацијата Фридрих Еберт.

„Германија ќе стори се што е во нејзина моќ да почнат пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ за време на германското претседателство до крајот на годинава“, истакна германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас во обраќањето на доделувањето на наградата за човекови права на Фондацијата „Фридрих Еберт“ на премиерот Зоран Заев.

„Се водат интензивни разговори за одржување на првата меѓувладина конференција за време на претседателството на Германија со ЕУ. Ние и натаму ќе работиме со вас како и во изминатите денови бидејќи тоа е нашата цел јавно прокламирана за време на нашето претседателство. Од март чекаме конечно да почнат формалните преговори и настојуваме да ја одржиме првата меѓувладина конференција до крајот на годинава“, рече Мас.

Нагласи дека од тоа ќе зависи и кредибилитетот на ЕУ во регионот.

„Одлучувачко ќе биде во наредните денови да се најде решение за прашањата за кои се уште немаме одговори. Ние сме сериозни за тоа и сакаме конкретно да ги реализираме овие цели. Сериозни сме кога велиме дека Западниот Балкан припаѓа во ЕУ и сакаме да имаме успех во тоа. Ќе сториме се што е во наша моќ да ве поддржиме на тој пат“, рече шефот на германската дипломатија Хајко Мас на доделувањето на наградата на премиерот Зоран Заев во Берлин.

„Се чувстувам благородно и благодарно, но истовремено и скромно примајќи ја денешната престижна награда на Фондацијата Фридрих Еберт. Фондација која има стогодишно искуство, посебно на полето на  промовирање на слообдата, едноаквоста и солидарноста. Ова се демократски вредности кои градеа и продолжуваат да градат цивилизациски придобивки, сок рајна цел, планетарна добробит, одржливост, безбедност, транспарентност и бескомпромисна борба против на секој еден никулец на авторитаризам. Тоа поттикнување на искажување на слободната волја и градење на едно општество за сите без разлика дали зборуваме локално или глобално. Оваа награда, која е создадена на иницијатива на високо почитуваните  Карл и Ида Фејст и која е инспирирана од нивната дологогодишна борба и поддршка за правата на работниците и нивното движење е комплементарна со мојата лична филозофија живот за сите, еднаквост за сите, дијалог пред сè, конфликт никогаш“, изјави Заев по добивање на наградата.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ