• Latest

Матичната собраниска комисија даде виза за зелена земјоделска нафта

April 2, 2018

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Матичната собраниска комисија даде виза за зелена земјоделска нафта

April 2, 2018 15:20
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на денешната седница го разгледа Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, во прво читање, со кој се предлага субвенционирање на 50 отсто од трошоците за набавка на гориво за земјоделската механизација и оцени дека е прифатлив и оти треба да се даде на натамошно читање.

На земјоделците и на земјоделските стопанства ќе им се субвенционира 50 отсто од средствата за набавка на гориво, но не повеќе од 100.000 денари по земјоделско стопанство. За набавка на гориво ќе се доделуваат платежни картички со одреден износ. За таа намена во Буџетот на Република Македонија се предвидени 310 милиони денари.

Според членот на Комисијата, Диме Велковски од СДСМ,  оваа мерка во голем дел ќе помогне во производството на храна, бидејќи нафтата учествува во голема мера во трошокот за производство на храната.

-Ваква мерка веќе има во повеќе земји од опкружувањето и во дел од земјите од Европската унија. Неопходно е да се изработи правилник за прецизна распределба за олсенувањата што треба да ги добијат земјоделците, рече Велковски.

Посочи дека во земјава веќе има направено некои анализи кои покажуваат дека за житните култури се неопходни по 40 литри нафта на хектар без да се вкалкулира жетвата, за индустриските култури 60 литри по хектар без жетва, за овошните насади 150 литри по хектар, кај лозовите насади и градинарските култури по 120 литри, а кај фуражните култури 60 литри нафта по хектар.

Реџаил Исмаили порача да се внимава при изработката на подзаконските акти и додаде дека мерката треба да важи и за сточарите.

Панчо Минов од Коалицијата за подобра Македонија посочи дека покрај субвенцијата за горивот, неопходна е и субвенција за ѓубриво за земјоделците и нагласи дека земјоделците не треба да се условуваат со надмирување на обврските за водарина, даноци и придонеси за да ги добијат субвенциите. Во реплика Реџаили му рече дека е неопходно прво да се направи анализа на почвата за да се види каде какво ѓубриво е потребно,  потоа да се размислува за субвенција за ѓубриво.

Комисијата го рагледа и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за консолидација на земјоделското земјиште, во прво читање, и заклучи дека е прифатлив и оти може да се даде на натамошно читање.

[divide]

извор: МИА

Tags: екологијаЗеленаземјоделциМакедонијанафта
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ