Германската полиција соопшти денеска дека 58-годишен маж се обидел да се убие откако со автомобил влетал во седиштето на Социјалдемократската партија во центарот на Берлин и притоа бил полесно повреден.
Како што се наведува, автомобилот, кој бил полн со канистри со бензин и плински боци, минал низ стаклената врата на партиското седиште. Од ударот бил предизвикан помал пожар, но автоматскиот систем за гаснење пожари во зградата веднаш го изгаснал.
Полицијата не го објавува името на мажот и засега е нејасно зошто го избрал токму седиштето на социјалдемократите како своја мета.
Тој е префрлен в болница, а полицијата и безбедносните служби го испитуваат случајот.
[divide]
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.