• Latest

Медик: Граѓанскиот активизам треба да биде независен од власта

February 16, 2018

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Медик: Граѓанскиот активизам треба да биде независен од власта

February 16, 2018 14:40
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ Медиа разговараше со Ремзи Медик од невладината организација „Баирска светлина“,Битола, за слободата на изразување, медиумските слободи и активизмот.

ЦИВИЛ Медиа: Што за вас претставува слободата на изразување, медиумската слобода и активизмот?

Медик: За мене тоа преставува да го кажеш тоа што го мислиш без страв од последици. Голем дел од медиумите често ја извртуваат вистинската слика и нема доволно слобода на изразување кај нив.

Граѓанскиот активизам треба да биде независен од власта, независно дали се работи за претходната или сегашната власт. Многу често се злоупотребуваат активистите за остварување на некои цели на политичарите. Сметам дека во изминатиот период тоа влијаеше на состојбата во Македонија.

ЦИВИЛ Медиа: На кој начин можете да придонесете во поддршка на слободата на изразување и активизмот?

Медик: Сметам дека е потребна поголема едукација на населението и дека преку своето изразување можат да направат повеќе промени. Тогаш, на некој начин и носителите на власта ќе имаат поинаков пристап кон решавање на проблемите со кои се соочуваат граѓаните. Затоа сметам дека граѓаните треба многу повеќе да го изразат своето незадоволство за одредена проблематика кога се соочуваат со одреден проблем без притоа да се плашат каква рефлексија ќе има тоа што ќе го кажат.

ЦИВИЛ Медиа: Дали некогаш сте се соочиле со притисоци, закани и уцени од политичките и бизнис центрите на моќ и како сте се справиле со нив?

Медик: Како долгогодишен активист сум се соочил со такви притисоци во однос на моите изјави што сум ги упатил на некој што не му одговараат тие изјави.

Јас не се ограничувам со тоа дека ќе бидам на некој начин казнет за тоа што ќе го кажам и сум реален во однос на она што го мислам.

ЦИВИЛ Медиа: Што е потребно за одбрана на слободата на изразување и колку активизмот може да придонесе?

Медик: Поддршка од целиот граѓански сектор во однос на проблематиката. Ако некој граѓански активист изрази незадоволство, а притоа има закани, ние како активисти треба да го поддржиме во тоа што за него претставува проблем.

Ангела Петровска

Камера: Дехран Муратов


Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.

Tags: Ремзи Медикслобода на изразувањеслобода на медиумите
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ