• Latest
ФОТО: Миа

Меџити: Наскоро тендер за новата клиничка болница во Штип, кривична пријава за грчката фирма што досега го градеше објектот

January 18, 2024

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Меџити: Наскоро тендер за новата клиничка болница во Штип, кривична пријава за грчката фирма што досега го градеше објектот

January 18, 2024 13:45
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
ФОТО: Миа

ФОТО: Миа

Share on FacebookShare on Twitter

Нова тендерска постапка за доизградба на Клиничката болница во Штип ќе биде објавена наскоро, а средствата за негово комплетирање ќе бидат обезбедени од државниот буџет. Веќе е покрената кривична постапка против грчката фирма „Интеркат“ која пред осум години почна да го гради објектот, најави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити.

-Постапката ќе биде објавена многу брзо, мислам во февруари, за конечно, еднаш засекогаш да се заврши изградбата на болницата, затоа што моите колеги овде, кои се врвни лекари, треба да имаат подобри услови за работа, а пациентите ќе добиваат поквалитетни услуги. Ќе течат сите процедури, а на денот кога ќе го распишеме тендерот ќе го соопштиме и рокот за доизградба. Тој што ќе задоцни ќе мора да одговара. Покренавме кривична постапка со Државното правобранителство против фирмата што ја почна изградбата и таа ќе треба да се соочи на суд со нашите државни органи. Ќе бараме отштета зошто болницата не е изградена. Банкарската гаранција беше шест милиони евра, тие пари се во Министерството во склоп на проектната единица и тие ќе се искористат за доизградба на болницата. За довршување на градежните работи нема да се користат пари од кредити, туку од државниот буџет, истакна Меџити,  при посетата на Клиничката болница во Штип.

Министерот за здравство информираше  дека сè уште се чека извештајот од стручната комисија што тој ја формираше за испитување на случајот со починатата родилка од Делчево.

Укажа дека се работи за покомплициран случај, но наодите од увидот ќе бидат јавно објавени штом ќе бидат готови.

Посетата на штипската болница беше по повод набавка на нова медицинска опрема – лапараскопска и ендоскопска опрема, нов ултразвук колор доплер апарат со две сонди и цисто-уретроскопски сет.

Tags: Клиничка болницаМеџити
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ