За време на протестот за „Монстум“ во инцидентите што настанаа, како што соопшти МИА од извори од МВР се дознава дека во инцидентите се повредени седум припадници на полицијата. Екипата на МИА исто така беше нападната на протестот, по што привремено беше прекинат преносот во живо.
Нападот врз екипата на МИА го осуди и ЗНМ кои соопштија дека имало обид да им се одземе опремата и турканици, при што снимателот бил турнат, а неговата опрема оштетена. И Слободен печат на Фејсбук извести дека бил нападнат нивен новинар, од полициско лице при што му бил насилно одземен уредот за снимање, а избришани се и сите видео материјали.
„Откако се легитимирал уредно, едниот од нив побарал од него да го избрише снимениот материјал со образложение дека „на снимките им се гледаат лицата па потоа некој ќе им ги запали автомобилите“ иако камерата на нашиот репортер цело време беше насочена кон толпата која на моменти фрлаше камења и шишиња кон полицискиот кордон“, пренесе нешто подоцна Слободен печат на својата веб страница