• Latest

Медиумската платформа на ЦИВИЛ – дел од професионалниот регистар на онлајн медиуми

December 18, 2019
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Медиумската платформа на ЦИВИЛ – дел од професионалниот регистар на онлајн медиуми

December 18, 2019 12:40
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Онлајн медиумите civilmedia.mk, greencivil.mk, clp.mk, drejt.mk, како дел од медумската платформа на ЦИВИЛ, frontline.mk и уште 62 други онлајн медиуми влегоа во професионалниот регистар што го изработија Советот за етика во медиумите и Здружението на новинари во соработка со Стопанската комора на Македонија.

Овие портали ги исполнија низата критериуми кои беа поставени: импресум и редакција, контакт, почитување на Кодексот на новинари и Статутот на Советот на етика, транспарентност во делот на финансирањето и ги почитуваат авторските права. Покрај овие услови – да бидат регистрирани на мкд домен, комерцијалната содржина да биде видливо означена, а медиумите да имаат еден уредник и минимум двајца новинари.

„Овој регистар не е даден еднаш засекогаш. Ако онлајн медиумите ги напуштат професионалните стандарди, ќе го напуштат и регистарот“, вели Катерина Синадоновска од Советот за етика во медиумите.

„Ова е важен процес за професионализација на фелата и новинарството и демократизација на општеството и тоа значи добро информирани граѓани. Да се прати порака дека ние како фела сме способни да го исчистиме сопствениот двор, дека Владата не треба да кажува што е добро и лошо новинарство. Не се работи за селекција на медиуми по уредувачка политика и став. Имаме шареноликост во новинарски ставови. Основата на целиот регистар е заштита на стандардите на професијата. Новинарството преживува тешки времиња. Ќе успееме да ја вратиме улогата која попатно ја изгубивме да бидеме чувари на јавниот интерес да го информираме граѓанинот“ вели Синадиновска.

Според претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, овој регистар ќе биде проект што ќе трае и ќе претставува иднината на веб новинарството во земјата. Во овој процес, напомена дека финалната цел е усмерување на бизнис рекламите кон професионалните медиуми.

„Бизнисмените имаат општествена одговорност, бидејќи располагаат со бизнисот и капиталот. Регистарот ќе значи заштита од непрофесионалните медиуми кои шират пропаганда и лажни вести. Бизнисмените, граѓаните, политичарите во следниот период – затрупајте ги со работа и упатувајте преставки до Советот за етика во медиумите, ако ве наклеветил или ги прекршил стандардите“порача Чадиковски.

Како што напоменаа од овие две организации, продолжуваат преговорите и со агрегаторите на вести и тие да бидат дел од проектот, со цел поголем простор да добиваат оние медиуми кои се наоѓаат во регистарот.

Други медиуми кои влегоа во регистарот се веб – изданијата на „Дојде вече“, „Радио слободна Европа“, „Фокус“ „360 степени“, како и порталите „Плусинфо“, „а1он.мк“, „Irl.mk“ итн.

П. К.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ