• Latest

Меѓу европската иднина, опсесијата и тапанот на Путин

January 25, 2024

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ES-PRESS-O

Меѓу европската иднина, опсесијата и тапанот на Путин

January 25, 2024 10:12
in ES-PRESS-O, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Консумирајте одговорно. Овој текст може да предизвика гнев и проблеми во кардиоваскуларниот систем на радикалите, фашистите и рашистите.

Каков план може да се побара од некој што нема план, а и да сака да го има, не знае да го направи? Човекот нема план, има само желба, поточно, сомнително интензивна опсесија да биде премиер.

Јас не би купил кола од некој како него. Не само тоа, дури и да сакам да купам кола од него, постои многу висока веројатност дека нема да ја добијам – само ќе ми ги земе парите.

Токму за тоа се работи во случајот Х.

Тој бара власт без план. Прашањето е – дали на човекот треба да му се верува на зборовите (без план, а и без многу смисла) или да се гледаат постапките на партијата. Во неговиот случај, тоа му доаѓа некако исто. Неговите портпарол(к)и не кријат дека е нормално да не сакаат влез во ЕУ, затоа што не ги делат истите вредности.

Ветува дека со Бугарија ќе преговара за подобра преговарачка рамка, а таква не постои – таа е со ЕУ, не е со Бугарија. Цело време исполнува антимакедонска, проруска и антизападна агенда. Нека зборува што сака, гледам што прави. Изјавува дека токму неговата партија е проевропски ориентирана, а тој и братијата танцуваат со руската мечка, по тапанот на Путин. Тој му е ѕвезда водилка.

Веќе станува здодевно, но и мрачно, да се гледа и слуша како прави будали од сите околу себе и од јавноста. Грдо е да се гледа и како му се лигават новинарите.

Тој е радикален политичар и ултра националист. И тој и неговата партија, со чесни исклучоци, се задоени со длабока омраза против Албанците. Неговите пратеници држат фашистички говори и директно поттикнуваат етнички тензии (Чашка).

Тужи новинари и уредници, тој и неговите пропагандни кучиња ги спомнуваат новинарите во ТВ интервјуа и на социјалните мрежи.

Неговите крволочни пешадинци, со име и презиме, се закануваат со убиство – „Кај и да е, куршумот ќе те стигне“. Патем, МВР и обвинителството молчат (сѐ уште). Веројатно имаат поважна работа. Или чекаат случајот да го „реши“ техничкиот министер. Можеби чекаат тие закани да се остварат. Па ен-ве-о фолирантите да најдат изговор дури тогаш целосно да замолкнат и да прават „длабокоумни анализи“ и „извештаи од сенка“ за дебели европски пари, додека експертското им срце бие силно на Истокот.

Помалите (по обем) фашистички партии со смешни и лажни имиња се цицалчиња, пијат од отровното млеко на големата идеолошка биволица (партијата), чиј шеф е протагонистот на случајот Х. Тие се само нивна сенка, а некои дури се и „родени“ во морбидните лаборатории на грдата палата, под будното око на политички франкештајни од Истокот. Зошто да трошиме електронско мастило на нив? Знаеме од каде доаѓаат и каде тргнале.

Ако е за утеха, а не е, ни претстојат 100 дена возбудлива трагикомедија. Навистина, многу скапо ја плаќаме претставата, но тоа е вообичаено – сиромашниот двојно плаќа за сѐ.

А сега една вистинска утеха. Демократскиот Запад сѐ уште ѝ пружа рака на оваа земја, со конкретни чекори и недвосмислени пораки. Останува само уште да се види дали протагонистите во оваа белешка ќе ги напуштат своите идеолошко политички стопани и ќе се свртат кон подобрата, европска иднина на земјата. Или срцата ќе им останат заробени во сибирската ледена пустина.


Текстот е личен став на Авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result