• Latest

Меѓу надежите и реалноста – секој ден е ден на децата

June 1, 2018
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Меѓу надежите и реалноста – секој ден е ден на децата

June 1, 2018 15:16
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На плоштадот „Македонија“ денеска ќе започне кампањата на Министерството за труд и социјална политика и УНИЦЕФ, со пораката „Дали имате љубов за давање“.

Целта на оваа кампања е граѓаните да станат згрижувачи на деца без родителска грижа и да се мобилизира поддршката за решенија за грижа за деца во семејно опкружување на ниво на заедницата, наспроти институционално згрижување.

По повод на оваа кампања, ЦИВИЛ Медиа сака да потсети на реалната слика која ја живеат многу деца во Македонија, на сите несакани случки во последниве години.

Во 2017 година, податоци токму од УНИЦЕФ, прикажаа дека околу 250 деца во Македонија, од кои 70 се на возраст под 3 години, го немаат правото да живеат во семејна средина, и тогаш се одржа конференција на тема „За секое дете, семејство“, со која се бараа начини за обезбедување услови за секое дете во земјава за да расте во безбедна и грижлива семејна средина.

Се дискутираше за развивањето на системот на згрижувачки семејства, за инвестиции во подобрување на квалитетот на алтернативни решенија за грижа преку нивна стандардизација, вложување во рана детекција и рана интервенција, и вложување во самите деца преку зголемување на инвестициите во предучилишното образование и раниот детски развој.

Истата година, на 20 април, иницијативата „5 до 12“, постави шатори пред Собранието на Македонија и ги објави своите барања од Владата.

Едно од најважните барања за иницијаторите беше во законите за здравствено осигурување и социјална заштита да се избрише старосната граница од 26 години, со која се дискриминирани повозрасните лица со посебни потреби.

Преку 3.000 семејства членови на ова здружение, бараа да се донесе нов закон за децата со посебни потреби и сет мерки, коишто опфаќаат институционална грижа, правилна дијагностика, едуцирани кадри за лекување и соодветена терапија во подобри установи, секако и бенефити за семејствата што ќе овозможат повисок стандард и поквалитетна грижа за децата.

На почетоков на годинава, малолетна девојка, која била штитеничка на државната институција за згрижување деца „25 Мај“ во Скопје, која како последица од сексуално злоставување морала да направи абортус.

„Според нејзиното сведочење пред мониторот за човекови права од ЕЦПР, Р.И. била принудно земена од страна на постар маж од институцијата, кој со возило ја одвел во неговиот дом во друг град. Таму, таа била принудена на сексуални односи и физичка работа. Девојката успеала да избега по еден месец и да се качи во автобус за Скопје, по што полицијата ја пронашла на Бит-пазар. Меѓу другото, таа опишала дека претходно била однесена во „детски летен камп“ во Струга, заедно со други деца од државниот дом за згрижување. Таму, непознат маж сексуално ја злоставувал, пред да биде вратена назад во Скопје. Кога ги пријавила овие злоставувања кај згрижувачите од државната институција, била обвинета дека лаже и дека ги измислува настаните. Потоа, Р.И. била пренесена во друга државна институција за згрижување „Ранка Милановиќ“ во Скопје, каде открила дека останала бремена како резултат на сексуалното насилство.“

Потоа, Министерството за труд и социјална политика соопшти дека  до Основното јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава против 11 одговорни и стручни лица од Центарот за социјална работа – Скопје за кривично дело „несовесно работење во служба“ и „запуштање на малолетно лице“, а во врска со случајот на 13-годишното девојче од Домот „25 Мај“.

Кривична пријава за трговија со дете поднесе и Министерството за внатрешни работи против 42-годишна кавадарчанка, во врска со случајот со штитеничката од ЈУ за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми „25-ти Мај“.

Злоупотребата на децата не завршува тука. Често децата знаат да бидат искористени и за политички цели, особено пред избори.

Пред изборите во 2017 година, некои политичари посетуваа неколку училишта во Скопје, за да им посакаат добар успех на учениците. Па така, поранешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски, го посети СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“, а поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски,  го посети основно училиште „Петар Поп Арсов“, како и поранешниот градоначалник на Општина Илинден, Жика Стојановски, ги  ги посети основните училиште „Гоце Делчев“, „Ристо Крле“ и „Браќа Миладиновци“, како и Средното општинско стручно училиште „Илинден“.

За ЦИВИЛ Медиа, граѓански новинар од Гевгелија, ни испрати фотографија како сведоштво за бескрупулозно и отворено користење на малолетниците и децата за партиска пропаганда. На фотографијата се гледа како едно дете држи летоци од една политичка партија.

Денеска е Меѓународен ден на детето, и секоја година се одбележува со различни настани, за да се потсети општеството дека сепак и тие имаат права и мораат да се почитуваат, но реалноста е сосема поинаква. Борбата за целосно почитување на правата на децата мора да продолжи секој ден.

Ангела Петровска

Tags: Меѓународен ден на дететоМТСП. злоупотребареалност
Share17TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ