• Latest

Меѓународна конференција: Четири години агресија — Украина, отпорот и одговорноста на светот

February 24, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Меѓународна конференција: Четири години агресија — Украина, отпорот и одговорноста на светот

February 24, 2026 09:11
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, СООПШТЕНИЈА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска, на 24 февруари 2026 година, точно четири години од почетокот на целосната руска воена агресија врз Украина, ЦИВИЛ – Центар за слобода организира меѓународна онлајн конференција со наслов: „Четири години агресија: Отпорот на Украина и одговорноста на светот“. Овој меѓународен настан се одржува во рамките на Глобалната иницијатива за одбрана на демократијата (DDGI) и програмата Вестминстерска алијанса за Украина (WA4U).

Конференцијата се емитува во живо на Јутуб каналот и Фејсбук страницата на ЦИВИЛ, со почеток во 17:00 часот. Во неа учествуваат аналитичари, дипломати, новинари, креатори на политики и претставници на граѓанското општество од Европа и пошироко. Работен јазик на конференцијата е англискиот.

Декларација: повик за одговорност и акција

Во пресрет на конференцијата, организаторите ја објавија Декларацијата за отпорот на Украина и одговорноста на светот, која е отворена за поддршка од организации, медиуми, академската заедница и поединци.

Декларацијата јасно порачува дека Украина не е само жртва, туку и фронт на глобалната борба меѓу демократијата и авторитаризмот. Основачите на Иницијативата бараат мирот мора да биде праведен и заснован на меѓународното право и истакнуваат дека одговорноста за воените злосторства не смее да биде компромитирана. Меѓу другото, во Декларацијата се констатира дека дезинформациите и хибридните закани се директен напад врз демократијата. Во трите стратешки документи што ја придружуваат Декларацијата, особен акцент се става на потребата од долгорочна поддршка — во одбраната, културата и обновата на Украина, како клучни столбови на отпорот и иднината.

Три тематски секции на Конференцијата: реалност, невидлива војна и избор

Програмата на конференцијата е структуирана во три тематски целини:

Реалност: Украина и обликот на војната денес
Фокус на воената и политичката реалност, улогата на Украина како фронт на глобалната борба и цената на отпорот.

Невидливата војна: Дезинформации, хибридни закани и „лажен мир“
Анализа на пропагандата, „двете страни“ наративите и нормализацијата на авторитарни влијанија.

Избор: Што мора да се брани — и од кого
Дискусија за одговорноста на институциите, медиумите, граѓанското општество и граѓаните.

Меѓу говорниците се истакнати експерти и јавни личности од Украина, Германија, Велика Британија, Франција, Литванија, Италија и САД, а ќе биде вклучено и специјално видео обраќање од амбасадорката на Украина во Северна Македонија.

Украина е огледало на светот

Организаторите нагласуваат дека ова не е комеморативен настан, туку повик за јасна позиција.

Украина денес е повеќе од жртва на агресија — таа е огледало во кое се гледа подготвеноста на светот да ги брани слободата, демократијата и човечкото достоинство.

ЦИВИЛ – Центар за слобода

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ