Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, што се одржа во Скопјe од 8 до 10 октомври 2025 година во Скопје ги истражи дезинформациите, пропагандата и хибридното војување како директни закани за демократските процеси, поткопување на слободата на медиумите, слабеење на одбраната и безбедноста и загрозување на изборниот интегритет.
Во текот на три дена, меѓународни партнери и гости — вклучувајќи новинари, лидери на граѓанското општество, креатори на политики, дипломати и академици од Европа, Западен Балкан, Украина и Соединетите Американски Држави разменија искуства и стратегии за изборниот интегритет, демократските напори ширум светот и покажаа солидарност и поддршка за Украина.
На првиот ден од програмата, на 8 октомври се одржа воведен панел „Борбата на Украина – Иднината на Европа, нашата заедничка реалност: Лекции и следни чекори“.
На панелот се отворија прашањата за научените лекциии од руската агресија врз Украина и што следи понатаму, која и каква е иднината на Европа, итноста да се делува и да се одбрани демократијата.
Клучни пораки од учесниците:
„Мора да разбереме дека војната во Украина не запира на границите на Украина, ова е хибридна војна, а тоа значи дека овие граници се порозни. А оваа војна и сајбер нападите одат многу подалеку од нашите општества. Обидите за манипулација преку социјалните медиуми и преку други средства, она што е во умовите и срцата на сите нас, не само на оние во Украина, е многу систематско, сеприсутно и штетно. Треба да разбереме дека војната започна, војната е тука“, Роџер Касале, поранешен пратеник, основач и координатор, Вестминистерски сојуз за Украина, Обединето Кралство.
„Време е да ја симнеме Русија од нејзиниот трон, идеолошки да се ослободиме од нејзиното влијание, и да ѝ дадеме шанса на Украина да се одбрани во оваа војна – со поддршка, оружје и сè што ѝ е потребно. Во исто време, мора да гледаме и кон иднината – да ја обновиме Украина, а од другата страна, да учиме од неа, и воено и граѓански“, изјави Волфганг Ресман, претседател на Нов европски форум на народите, претседател на Медија дијалог, Германија.
„Екстремно е важно да се зачува и културното наследство во Украина, но и културните настани на Украинците да се пренесуваат и во странство. Потребни се конференции, манифестации и концерти. Видовме што војната и прави на Украина. Исто така потребни се активности и за зачувување на природата и околината. Нашата поддршка треба да биде за Украина со конкретни проекти во сите овие сфери. Во Австрија и Германија веќе имаме такви проекти. Многу важно е да се бориме и со дезинформациите. Германските институции треба да помогнат и во хибридната војна исто како и со дезинформациите. Да се поддржат медиумите што известуваат за хибридната воја и за дезинформациите“, изјави Гудрун Штајнакер, потпретседателка на Здружение на Југоисточна Европа, Германија, поранешена амбасадорка.
„Разбираме каква поддршка треба да ѝ пружиме на Украина. Едно морам да кажам, вонредните времиња бараат вонреден одговор. Светот се менува и има промени во меѓународниот поредок. Мораме да бидеме обединети, мора да ја поддржиме Украина во нејзината борба против руската агресија и да обезбедиме никогаш да нема повторен напад од страна на Русите“, изјави Емануеле Ерихиело, заменик директор на „Centro Studi Internazionali“, Италија
„Оваа нација е обединета и ние всушност можеме да продолжиме да се бориме, а Русија навистина многу прецизно испитува какви се поделбите во украинското општество. Една од нив едноставно недостасува, тоа e поделбите меѓу оние кои морале да избегаат. Толку многу луѓе мислат дека всушност не можат да се реинтегрираат тука, или дека многу од оние кои живеат во странство долго време, дури и пред целосната инвазија, мислат дека земјата не постигнала никаков напредок во борбата против корупцијата, што дефинитивно не е вистина“, изјави Катерина Павлова, експерт за граѓанско образование и демократија, CRISP – Германија/Украина.
„Ако треба да подвлечеме еден збор, тоа е „вистината“. Одбраната на демократијата е одбрана на вистината, а како новинар, една од моите цели, а и на сите претставници на ЕУ, мора да бидат „факти, само факти“. Кој лаже – Русија! Кој е нападнат – Украина!, изјави Оливие Ведрин, политиколог и аналитичар; Асоцијација Жан Моне – Франција
„Ако зборуваме за иднината на Европа во контекст на културата, тоа значи дека треба да создадеме европски јавен простор – заедничко чувство на припадност кон Европа. Треба да размислуваме за безбедни простори, и онлајн и офлајн, простори во кои ќе можеме да разговараме како сакаме да живееме заедно3, изјави Фрисо Вирсум – Менаџер за комуникации – Европска фондација за култура – Холандија
„Украинците се борат за себе, за Европа и светот. Унгарската влада развива непријателски однос кон Украина. Овде мора да подвлечам дека ова е унгарската влада, не народото. Виктор Орбан се обидува да ја блокира европската иднина на Украина, САМО ОД СЕБИЧНИ ПРИЧИНИ Е ЕКОНОМСКИ ШОВИНИЗАМ. Од друга страна неговата антиукраинска реторика е и антиЕУ реторика. Неговиот јазик и ист како и руската пропаганда. Се надевам дека во иднина Орбан ќе остане без власт. За жал илибералните политики се шират во Европа и светот. Ние не треба да го дозволиме тоа. Треба да се бориме секаде. Мора да го следиме примерот на Украина и да се избориме за демократијата“, изјави Иштван Хегедус, претседател на Унгарско европско друштво; политиколог и поранешен пратеник
„Стартувавме со итни мерки за поддршка на Украина, но сега треба да се фокусираме и на реконструкцијата и економската помош на Украина. Кога зборуваме за одбрамбените капацитети на Украина, треба да размислиме како треба поефикасно да ги поддржиме Украинците и долгорочно. Ние разбираме што се случува но во пошироката јавност не им јасно што се случува во Украина, мислат дека Украина ја губи војната, дека треба да прави отстапки. Но ние треба да им ги претставиме работите со факти и веродостојни информации. Со помагање на Украина си помагаме и себеси. Предизвикот на Коалицијата е да продолжиме со поддршка на Украина но исто така и да и покажеме на Русија дека сме способни да се одбраниме“, изјави Мајкл Клејфорт Кар, Стратешки советник за безбедност и меѓународниот бизнис.
„Ако го изгубиме граѓанскиот простор, ќе ја изгубиме и демократијата. Одбраната не е само тенкови и оружје — туку и кревање на нашите гласови. Украина се бори за сопствената слобода, но во исто време и за нашата“, изјави Егле Селешиене од Литванскиот колеџ за демократија.
„Седум, осум години има огромен јаз помеѓу доказите и политиките. Се наоѓаме во геополитичка политичка фаза во која мора да се разбудиме. Инаку, работите ќе бидат хаотични. Од една страна имаме можност, бидејќи тоа е можност да го имаме Трамп од другата страна на океанот, и да можеме да се разбудиме и да одлучиме што можеме да направиме …“, изјави Валтер Кватрокиоки, Full Professor at Sapienza University of Rome, leading the Center of Data Science and Complexity for Society (CDCS)
Модератор на интернационалниот панел беше Џабир Дерала, претседател, ЦИВИЛ – Центар за слобода.
Биљана Јордановска