• Latest

МЕПСО потпиша договори за изградба на далекуводот Битола-Елбасан и ТС Охрид

February 7, 2020

Електронскиот попис како поле на судир меѓу политичките партии и етничките заедници

June 30, 2025

Исчезнати лица за време на војната во БиХ: Судбината на околу 7.600 жртви сè уште е непозната

June 30, 2025

24 ЧАСА: Пуштена во употреба делницата Фариш-Дреново, дел од Коридор10д; Русија нема да претставува сериозен воен предизвик за НАТО, смета Орданоски; Иран има капацитет за производство на збогатен ураниум

June 30, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Непопуларноста на Елон Маск достигна рекордно ниво по „раскинувањето“ со Трамп

June 30, 2025
Фото: Скриншот од вифро на CNBC Television

Ворен Бафет донираше рекордни 6 милијарди долари акции од Беркшир на добротворни организации

June 30, 2025

Евробарометар: Над 81 отсто од Европејците поддржуваат постигнување климатска неутралност во ЕУ до 2050 година

June 30, 2025
Фото: Андриј Сибиха / Х

Сибиха до словачкиот колега Бланар: Русија ќе те удри и по другиот образ

June 30, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Обвинетите за Бањска го обезбедуваа Вучиќ за време на протестите; Косовското Специјално обвинителство поднесе обвинение за воени злосторства против двајца Срби; Прво рочиште во Специјалниот суд за случајот „Партизани“

June 30, 2025

„Безбедно во лето – вози одморен“, превентивна кампања на МВР и РСБСП

June 30, 2025
Сашо Орданоски
Фотографија: Роберт Атанасовски/ЦИВИЛ

Сашо Орданоски за ЦИВИЛ: И годинава не е на повидок завршување на војната во Украина, а Русија во наредната деценија нема да претставува сериозен воен предизвик за НАТО

June 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

МЕПСО потпиша договори за изградба на далекуводот Битола-Елбасан и ТС Охрид

February 7, 2020 13:40
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Националниот електропреносен систем оператор АД МЕПСО денеска потпиша два договора во Владата вредни 35 милиони евра со „Енергоинвест“ од Сараево и „Кончар“ од Загреб за изградба на 400 киловолтен далекувод од Трафостаницата Битола 2 до македонско-албанската граница и за изградба на 400/110 киловолтна трафостаница во Охрид и проширување на трафостаницата Битола 2.

За договорот со изведувачот „Енергоинвест“ за изградба на 400 киловолтниот далекувод  се обезбедени 17,22 милиони со заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), како и грант од Western Balkans
Investment Fund (WBIF). За трафостаниците во Охрид и Битола изведувач ќе биде „Кончар“, а вредноста на инвестицијата изнесува 16,95 милиони евра, средства обезбедени, исто така, со заем од ЕБОР и WBIF.

 

„Со изградба на 400 киловолтен далекувод од Трафостаницата Битола 2 до македонско-албанската граница, електропреносниот систем ќе се поврзе со електропреносниот систем на Република Албанија, како последна земја од регионот со која нашата земја досега немаше електроенергетска врска. Овој далекувод е дел од Коридорот 8 и ќе значи транзит на електрична енергија од Бугарија, преку Македонија до Албанија, и понатаму до Италија преку подводен кабел“, рече генералната директорка на МЕПСО Ева Шуклева.

Регионалното поврзување на електропреносните системи, додаде, е долгорочен стратешки интерес за
секоја држава.

„Врските со соседите значат електроенергетска стабилност – основа за секоја просперитента економија. АД МЕПСО како национален електропреносниот систем оператор треба да обезбеди доверлив и стабилен систем. Нашата задача е во континуитет да обезбедуваме доверлив и стабилен систем, баланс меѓу потрошувачката и производството на електрична енергија во секој момент. И тоа да го усогласуваме со соседните систем-оператори. За реализирање на нашите стратешки определби, денес потпишавме два исклучително значајни договори за два капитални проекти“, рече Шуклева.

Новата трансформаторска станица, потенцира, ќе ги задоволи потребите на Охрид и регионот за наредните триесетина години.

„Со оваа инвестиција ќе одговориме на сите идни предизвици од аспект на зголемување на конзумот и нови приклучоци и ќе испратиме сигнал за потенцијалните домашни и странски инвеститори дека ќе добијат услови за снабдување со квалитетна електрична енергија“, посочи Шуклева.

 

Премиерот Оливер Спасовски нагласи дека МЕПСО во континуитет вложува во преносната мрежа и го надградува системот.

„Во овие два проекти ќе вложи 35 милиони евра, а веќе има отворени инвестициски проекти во модернизација на трафостаници и изградба на нови 110 киловолтни далекуводи вредни над 30 милиони евра. Овие големи и исклучително значајни капитални проекти, кои ги реализираме со поддршка на Европската банка за обнова и развој, овозможуваат енергетско поврзување меѓу Северна Македонија и Албанија. Тоа значи дека електро-енергетските преносни системи на овие наши пријателски земји ќе бидат поврзани и ќе се стекнат со можност да се надополнуваат едни со други секогаш кога за тоа ќе има потреба“, рече Спасовски.

Во целиот овој процес, додаде, МЕПСО е клучната алка бидејќи ги поврзува производителите, потрошувачите и дистрибутивните системи, а во исто време ја разменува електричната енергија со системите на соседните држави.

Енергетската инфраструктура обезбедува квалитетно и непрекинато снабдување со електрична енергија на стопанството, кое е еден од клучните предуслови за економски раст и развој. Го подигнуваме степенот на доверливост на работењето на електроенергетските системи за да ја подобриме продуктивноста, да привлечеме повеќе инвеститори како домашни, така и странски, за да ја зголемиме конкурентноста, за сите да живееме и поквалитетно и подобро“, посочи Спасовски.

Без да се инвестира во енергетскиот сектор, рече, не можеме да зборуваме за раст и развој. Без вложување во модернизација на електромрежата, не може да се зборува за просперитетна држава, за систем што создава подеднакви услови за сите.

 

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески истакна дека реализацијата на капиталните инвестиции во електроперносниот систем на земјава е од круцијално значење за стабилен енергетски систем, а со тоа и стимулирање на целокупниот економски раст.

„Фактот што со оваа инвестиција за првпат ќе го поврземе нашиот преносен систем со Албанија ја потврдува стратешката заложба за стабилен енергетски систем, додека со изградбата на новата трансформаторска станица кај Охрид ќе се надминат проблемите во југозападниот дел од преносната мрежа“, рече Сугарески.

Тој потнцира дека во меѓувреме активно се работи и на изградба на нов далекувод од Штип до Пробиштип, а во следната фаза, најави, ќе се градат нови 110 километри далекуводи со цел да се заменат старите со нови и да се обезбеди квалитетна мрежа која ќе трае со децении.

 

Бисера Хаџиаљевиќ од „Енергоинвест“ посочи дека договорот со МЕПСО ќе биде добра можност за босанската компанија да ги докаже своите способности кои се добро познати од порано.

„Сигурна сум дека ќе завршиме добра работа и ќе дадеме придонес во развојот на преносната мрежа на МЕПСО во Македонија. „Енергоинвест“ долги години беше лидер во оваа индустрија, особено во периодот кога живеевме во заедничка држава, но ве уверувам дека и денеска продолжуваме со истиот начин на работа и имаме реализирано неколку слични проекти во Алжир, Либија, Танзанија, Етиопија, Црна Гора, Албанија, БиХ, а сега и во Македонија“, рече Хаџиаљевиќ.

 

Гордан Колак од Кончар истакна дека потпишувањето на денешните договори не е значајно само за земјава, туку и за регионот.

„Кончар е светски позната компанија која во моментов работи во повеќе од 110 земји ширум светот на сите континенти. Сепак, за Кончар е најбитно да биде добродојден во регионот и во земјите како Македонија, БиХ и останатите кои беа дел од нашата поранешна заедничка држава. Денеска добиваме можност да работиме на еден многу важен проект за Македонија и за регионот и Ве уверувам дека Кончар ќе стори се за да испорача добар производ“, рече Колак.

 

Претставникот на ЕБОР Анди Аранитаси потенцира дека  за новото интерконективно поврзување со Албанија ЕБОР му даде кредит од 37 милиони евра на МЕПСО, а обезбеди и грант од 12 милиони евра од WBIF.

„Проектот ќе го обезбеди финалниот линк што недостигаше на еклектропреносниот коридор меѓу Бугарија, Северна Македонија, Албанија, Црна Горора и Италија и ќе одигра голема улога за развој на регионалниот пазар и поголемо искористување на обновливите извори на енергија со фокус на соларната енергија“, рече Аранитаси.

извор МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Д. Мишев

    Помина во Брисел извештајот на Вајц за Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    106 shares
    Share 42 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како Скопје Прајд стана квази левичарска, про-палестинска подружница

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ