Ангела Меркел, денеска од лидерскиот самит на ЕУ во Брисел порача дека ќе направи сè што е во нејзина моќ Северна Македонија да добие датум за преговори со ЕУ до октомври.
Бидејќи се работи за многу кратко време, Меркел порача РСМ да биде трпелива, јави дописничката на МИА од Брисел, откако беше запрашана дали може на некој начин да даде гаранција дека одлуката нема повторно да биде одложена.
„Ќе направам сѐ што можам за да се донесе таа позитивна одлука затоа што Северна Македонија направи примерна работа со Преспанскиот договор, одлична работа, и разговаравме за ова вчера. Станува збор за неколку недели, навистина, но нашата заложба стои и што се однесува до мене ќе ја заложам сета своја политичка тежина за ова“, одговори Меркел на новинарско прашање.
Лидерите на ЕУ разговарале за Северна Македонија на почетокот на лидерскиот самит, откако на почетокот од неделата на министерскиот совет беше со консензус се одлучи дека за доделување на датум за преговори за Северна Македонија ќе има навраќање во октомври.