Германската канцеларка, Ангела Меркел денеска ја поздрави конференцијата на состанокот во Софија, упатувајќи охрабрувачки зборови до премиерите на Северна Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов.
„Берлинскиот процес е поврзан со помирувањето на несогласувањата и проблемите од минатото. Преку него се овозможи средба на земјите членки на Балканот. Се надеваме дека и овојпат оваа средба ќе помогне. Она што мора да го кажам е дека мора да се согласувате. Добро е што покажавте дека може да се одржи конференција во ваков период. Го поздравуваме напредокот што го постигнавте. Се надеваме дека овој процес ќе продолжи. Конференцијата овозможи да се сретнат луѓето и мило ми е што и тие ги вклучуваат учениците и училиштата да ја унапредат соработката во науката, затоа што тоа е најдобар начин да се промовира истражувањето и развојот. Тоа ќе ја породобри состојбата во нашите земји“, истакна Меркел.
извор: Слободен печат