Неодговорното однесување на претходното раководство, погрешните политики и ад хок покачувања на пензии, надвор од законската рамка за 10 години направи дупка од околу 15 милијарди денари во Фондот за ПИОМ, велат од Министерството за труд и социјална политика.
Тие додаваат дека пензиите ќе се усогласуваат два пати во годината и тоа 100% со порастот на трошоците на живот, наместо 50% како што беше претходно. Воведена е и законска одредба со која што ќе има дополнително усогласување на пензиите од 1 април, доколку бруто домашниот производ во претходната година има реален пораст над 4%.
Исто така, од МТСП велат дека оваа Влада во изминатите две години обезбеди стабилна исплата и континуиран раст на пензиите, а доказ за тоа се статистичките параметри коишто покажуваат евидентен раст на пензиите во Македонија. Така, во 2016 година просечната пензија изнесуваше 13.754 денари, во 2017 година 13.954 денари, а во 2018 година 14.421 денари.
Б. Ј.