• Latest

Мерко: Струга е мултиетничка „мала Европа“ каде нема разлики и поделби

July 5, 2021

Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ: Пополнете формулар, преку електронска пошта, телефонски повик или порака

November 1, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

Во Бразил протести против најсмртоносната полициска операција против нарко бандите

November 1, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишиот суд во Белград повторно го потврди обвинението на ВЈО за падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 1, 2025

Центар за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 1, 2025
Илустрација ВИ

Во четири од десет скопски општини и Градот Скопје градоначалник ќе се избира во вториот круг

November 1, 2025

Украина обвинува за „нуклеарен тероризам“ по руските напади врз енергетската инфраструктура

November 1, 2025

Израел ги врати телата на 30 Палестинци, Хамас предаде неидентификувани останки на три лица

November 1, 2025

Молдавија го назначи проевропскиот Александру Мунтеану за премиер

November 1, 2025

Белата куќа го ограничува пристапот на новинарите до канцеларијата на прес-секретарот

November 1, 2025
Илустрација ВИ

Започна гласањето во вториот круг од локалните избори, гласаат болните и затворениците од 32 општини и Град Скопје

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Мерко: Струга е мултиетничка „мала Европа“ каде нема разлики и поделби

July 5, 2021 17:04
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, МУЛТИКУЛТУРА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Европските вредности, мултикултурализмот, но и Стратегијата „Едно општество за сите“ имаат своја улога и на локално ниво, чие влијание придонесува за развој и просперитет на целото општество, демократијата, економијата и односот меѓу заедниците во целата држава. Токму за локалните политики, граѓанското учество и придонесот на Локалната самоуправа во Општина Струга кон европските перспективи, за борбата со хибридните закани, зелените вредности, ЦИВИЛ разговараше со градоначалникот на Општина Струга, Рамис Мерко.

ЦИВИЛ Медиа: Колку се придонесува од сите општествени чинители во промоција на европските вредности и мултикултурализмот?

Мерко: Ние стружани велиме дека е Струга е најдобрата општина и затоа е останат тој поим „како Струга нема друга“. Струга е мултиетнички град, има од сите нации, најголем дел се Албанци, па Македонци, Турци, Роми, Египќани, Власи и Срби во помал број, и е еден вид „мала Европа“ во еден град. Освен мултиетничноста, Струга е и мултиконфекционална, има од сите верски заедници, има муслимани, христијани и други… Најбитно од сè, а тоа е европска вредност, е дека добро се сложуваме, сите сме за заедништво, нема поделби на етничка или верска база, нема разлика во боја на кожа, нема разлика во нација, одлично живееме во овој убав град.

Многу пати сум кажал и повторно ќе кажам дека партискиот живот треба да го сфатиме поинаку, односно да ги спроведуваме партиските програми во партиски штабови, а надвор од штабовите или од партиските центри, треба да не се делиме односно да сме заедно сите. А потврдено е дека можеби партиите нè делат, односно ние се прилагодуваме таму за Х интереси. Но, од друга страна ништо друго не нè дели, живееме во еден заеднички град и сите сме рамноправни во сè, како во пристапот до институции и услугата од институциите кон граѓаните, исто така и вработувањата се одвиваат не по партиска линија туку по меритокрација и не правиме поделби туку го применуваме процентуалниот дел со тоа што секогаш гледаме тој што може во тој дел да придонесува што повеќе.

Ова што велам дека нема верски и етнички поделби најмногу се гледа и во приватниот сектор во приватни компании каде што тврдам дека не се примаат на работа само Албанци ако компанијата е на Албанец, туку има и случаи каде што повеќето вработени се Македонци и други, него Албанци, што е многу добро за нашиот заеднички живот тука. Од друга страна, отворено кажувам дека не се прави разлика ниту во кафулињата, ни во рестораните, ни во хотелите, не е повеќе како во некое време кога Албанците одеа само во албански локали, или Македонците одеа само во локали каде што газдата беше Македонец, тоа веќе го нема и тоа е едно големо постигнување. Сега не сакам да се фалам дека тоа е благодарение на нас, можеби времето го направи тоа, но ние како локална самоуправа создадовме амбиент за таа работа. Создадовме амбиент дека не треба да има разлики и поделби и во институции, во компании, и било каде на друго место да нема поделба.

ЦИВИЛ Медиа: Каква е соработката меѓу локалната власт, граѓанските здруженија, медиумите и граѓанките и граѓаните за активно учество и заемно вклучување во носење на одлуки на локално ниво?

Мерко: Прво треба едно да сфатиме, тој што треба да пресече во многу работи и да изведува многу работи е Локалната самоуправа која има добиено мандат од граѓаните. Не е исто невладина организација или здружение или не знам кој да донесе одлуки кога за време на избори некој е избран од граѓаните да води институција како што е Општината. И сега ако за сè ние ги прашуваме граѓаните, односно ги прашуваме невладините, здруженијата, тогаш кај ќе стигнеме за работи кои не се нивна работа. Ние ќе ги прашаме истите и ќе се вклучат во одлуки за изведување на проекти кога е во прашање интересот на одредено здружение, на невладина организација или група на граѓани кои навистина ги тангира одреден проблем. Тогаш се вклучува и Општината, и градоначалникот за да изнајдеме заедничко решение, односно да имаме конечно разбирање од сите.

Некои работи ги изведуваме по наш терк затоа што имаме план и проект за тоа, и понекогаш ни се појавуваат и напади од здруженија, невладини итн… но, мислиме дека секогаш не треба да го земеме во предвид нивното делување, бидејќи кога изведуваме проект се консултираме со граѓаните од таа улица, од тоа населено место, односно сите кои се засегнати од тоа. Пример ако изведуваме некоја улица тогаш ги прашуваме тие граѓани што живеат на таа улица да дадат амин за изведба на работата. Ние секогаш им укажуваме што се работи, мора да се информирани во целост за во тој поглед да нема проблеми. Засега од таков вид проблеми скоро ги немаме иако има доста „музички желби“, но ние сме секогаш на терен во такви случаеви.

Но, за жал, многу невладини „не и го сакаат доброто“ на Струга, напаѓаат без аргументи. На пример се палела трската во сувиот дел во потегот Струга – Калишта, истото се прави и во Подмоље и во Охрид, но секогаш се напаѓа Струга од невладини од Охрид иако не се професионалци, да не зборувам каква професија имаат. Ние имаме искусни еколози, инженери, архитекти, инспектори кои работат во тој прилог, и мислам дека не е фер да се напаѓа за да се заштити нивното делување. Треба прво да го гледаат „својот двор“ како го суредија, па потоа да критикуваат друг.

За жал, во овие почести напади се приклучуваат и медиумите, отворено ќе кажам, Алсат М стално нè напаѓа, и да им дадеш добра изјава, официјална изјава, ќе ја претворат во негативна. Пред некој ден беа горе во депонијата да прават прилог, каде е перфектно одржана и нема никакво загадување, истите секогаш на телевизија прикажуваат како гори, а четири години како што сум тука воопшто не е ни запалено, ниту чад немало во тој дел на депонијата. Сè се затрупува и не се гледа ни пластично шише, ќесе ни комунален смет во целина. Но, не е само Алсат М има и други медиуми и невладини кои навистина сакаат по секоја цена да „нè валкаат“ ама тоа нема да го дозволиме.

ЦИВИЛ Медиа: Колку на локално ниво се спроведува Стратегијата „едно општество за сите“, особено во делот наменет за Локалната самоуправа?

Мерко: Мора да имаме едно општество за сите и сите да сме на еден ранг, не да има прво, второ, трето ниво… тоа нема да го дозволиме, не сум го дозволил тоа во сите години од 2005 со минус еден мандат, во целост да имплементираме таква стратегија.

ЦИВИЛ Медиа: Дали и на кој начин работи Локалната комисија за односи меѓу заедниците?

Мерко: Има Комисија за односи меѓу заедниците, формирана е од страна на Советот, во која има од сите етнички заедници има членови и досега не сум имал поплаки. Побарале некои трошоци околу нивната работа и тоа им е удоволено и во тој прилог немаме никаков проблем. Всушност членовите на Комисијата немаат ни за што да дискутираат за проблеми од меѓуетнички карактер, бидејќи нема проблеми.

ЦИВИЛ Медиа: Дали некогаш Општината била подложна на сајбер напади или хибридни закани?

Мерко: До сега не бев информиран дека имавме некакви хибридни напади. Имаме сигурна општина, и секоја година имаме сè помалку проблеми било од која страна да доаѓаат. Имавме извештај кога пред два месеци дојдоа министерот за внатрешни работи и заменикот, и од СВР Охрид ни дадоа извештај дека Струга е мирна и сигурна во поглед на сè.

Дехран Муратов

монтажа: Ариан Мехмети
камера и фотографија: Горан Наумовски

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ