• Latest

МФ: „Стандард и Пурс“ повторно го потврди стабилниот кредитен рејтинг на Република Северна Македонија

September 7, 2019

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

МФ: „Стандард и Пурс“ повторно го потврди стабилниот кредитен рејтинг на Република Северна Македонија

September 7, 2019 11:07
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Република Северна Македонија продолжува да расте и во текот на 2019 година движена од растот на потрошувачката и инвестициите, соопшти Министерството за финансии пренесувајќи ја оценката на Агенцијата „Стандард и Пурс“ дека нашата земја повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ-, со стабилен изглед.

Агенцијата проектира просечeн економски раст од околу 3 проценти до 2022 година, поддржан од зајакнувањето на институционалните капацитети во рамки на процесот на пристапување во ЕУ. Буџетскиот дефицит се очекува да биде просечно околу 2,5 отсто во периодот по 2019 година. Агенцијата го оценува јавниот долг како умерен во глобален контекст и оценува дека иако долгот ќе расте до 2022 година, понатаму ќе се стабилизира на ниво од околу 45 проценти.

Од Министерството за финансии посочуваат дека “Стандард и Пурс“ очекува во следните месеци да отпочнат преговорите за членство во ЕУ, што би влијаело на забрзување на реформите и подобрување на институционалниот капацитет на нашата земја.

Според Агенцијата, подобрување на кредитниот рејтинг може да следи со навременото имплементирање на реформите, зајакнување на институционалната поставеност и подобрување на економските перспективи. Од друга страна, враќањето на политичките тензии или забавувањето на темпото на реформи, можат негативно да се одразат врз кредитниот рејтинг.

Покрај денешната потврда на кредитниот рејтинг од “Стандард и Пурс“, Државниот завод за статистика вчера објави податоци за економскиот раст во втор квартал 2019 година кој изнесува 3,1 процент, со што во првата половина од годината економијата забележа раст од 3,6 проценти. Во вториот квартал од 2019 година, реалниот раст на бруто-инвестициите продолжи со посилен интензитет и изнесува 11,1 отсто.

Од Народната банка на Република Северна Македонија информираат дека во извештајот, одделно внимание ѝ е посветено на монетарната политика, со фокус на стабилноста на домашната валута и нивото на девизните резерви, како и на стабилноста на банкарскиот систем.

-Меѓу другото, „Стандард и Пурс“ повторно наведе дека мерките на Народната банка, како што е пониската задолжителна резерва за обврските на банките деноминирани во денари, придонесуваат за намалување на вкупната евроизација во земјата, којашто  воедно е и пониска споредено содругите економии во регионот. „Стандард и Пурс“ одделно се осврна и на девизните резерви, коишто во текот на  оваа година бележат раст, во најголема мера како одраз на интервенциите на Народната банка на девизниот пазар, посочуваат од НБ.

Според нив, во извештајот посебен акцент е ставен на банкарскиот систем, со нагласок дека тој е стабилен, ликвиден и добро капитализиран, со ниско ниво на нефункционални пласмани, а дека неговите активности главно се финансирани преку домашните депозити. „Стандард и Пурс“ даде позитивни оцени и за кредитниот пазар во нашата земја, забележувајќи  дека и покрај тоа што поголем дел од кредитирањето е насочено кон населението, во последниот период се забележува поголема активност и на сегментот на корпоративното кредитирање. 

Share40Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ