• Latest

Милевски: Не ни е целта да се пребројуваме, туку да знаеме точно кој е потенцијалот на оваа држава

January 30, 2021
Кијив, 9 септември 2026 (фото: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР: Двајца загинати на граничниот премин „Старокозаче“, повредени цивили во Кијив

September 9, 2026

Снимки со закани кон Косово од наводни српски борци на руска страна во Украина

September 9, 2026
Students are focusing on books and making notes while studying and learning in a university library, representing education, academic research, and the pursuit of knowledge, copy space

Алармантни податоци за писменоста, ПИСА 2025: Северна Македонија далеку под просекот во знаење и вештини

September 9, 2026
Ед Милибанд (фото извор: GOV.UK)

Историски пресврт во британската политика кон Израел: Санкции за окупацијата и обвинувања за етничко чистење

September 9, 2026
Ландтаг, Саксонија-Анхалт

АФД победи во мала покраина, но предизвика голем потрес: Саксонија-Анхалт како предупредување за цела Германија

September 9, 2026
Министерство за надворешни работи на Босна и Херцеговина (фото извор: МНР на БиХ)

ЕСКАЛАЦИЈА: БиХ ги залади дипломатските односи со Србија по глорификацијата и погребот на Ратко Младиќ

September 8, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Кој ќе чека уште 25 години за демократија?

September 8, 2026

Првите сто години се најтешки, за потоа – ќе видиме

September 8, 2026
Бленди Ходаи (фото извор: ФБ профил на авторот)

„Дали ти изгледам како идиот?“

September 8, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Кога немате леб, јадете колач

September 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ПОПИС

Милевски: Не ни е целта да се пребројуваме, туку да знаеме точно кој е потенцијалот на оваа држава

January 30, 2021 11:48
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПОПИС
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски смета дека нема простор за одложување на пописот и оти сите треба да покажат максимална посветеност и одговорност оваа статистичка операција да се спроведе согласно стандардите на Еуростат, затоа што, како што вели, само така податоците ќе ни бидат од корист.

-И покрај обидите за политизација на пописот уште пред да започне, секој добронамерник и одговорен граѓанин на оваа држава има обврска да го почитува законот и да овозможи пописот да се спроведе на најдобар можен начин, рече Милески на вчерашната средба што се одржа со градоначалниците во Собранието организирана од страна на Државен завод за статистика, наменета за Пописот на населението, домаќинствата и становите, 2021.

Според него согласно Законот, на единиците на локалната самоуправа им е дадена голема одговорност: обезбедување на простории за работа на комисиите на пописните реони, предлагање на членовите на пописните комисиите, а претседатели на комисиите ќе бидат секретарите на општините каде што е седиштето на пописниот реон.

– Пред сите нас е огромна одговорност, затоа што како носители на високи јавни функции сме исклучително свесни што значи за една држава да нема спроведено попис 19 години. Да обезбедиме пристап до јавните услуги-здравство, образование, социјална заштита, за сите граѓани, да го планираме развојот и изградбата на комуналната и на социјалната инфраструктура согласно потребите, патишта, водоводи, училишта, детски градинки. Да создадеме услови бизнис заедницата да може да ги донесува одлуките врз основа на реални податоци за расположливите ресурси, порача Милевски.

Тој, како што соопшти денеска Министерството за локална самоуправа,  појасни дека во текот на минатата година Министерството за локална самоуправа ја подготвувало Стратегијата за регионален развој, која сега е во собраниска процедура, а во подготовката на документот биле вклучени експерти од сите клучни области, сите министерства кои што спроведуваат развојни програми, сите градоначалници како членови на Советите на планските региони, Центрите за развој и други надлежни институции. Биле направени темелни секторски анализи за мапирање на состојбите и за изведување на проекции за наредните 10 години. Главен и единствен проблем била релевантноста на статистичките податоци, кои се стари речиси 20 години. Според него за овој документ немало време да се чека пописот, а и тоа би значело неколку годишно стагнирање на развојот на планските региони и на општините, а новата Стратегија е услов за подготовка на регионални развојни Програми и проекти од планските региони и од општините кои што се финансиираат со средства од Буџетот.

-Без овие документи овие средства ќе останат нереализирани со што губиме сите, а најмногу граѓаните. Компромисот беше да обезбедиме континуитет со подготовка на Стратегијата врз основа на податоците со кои што располагаме, а по пописот целосно да ја ажурираме. Го направивме тоа што моравме, затоа што имаме одговорности кои што произлегуваат од закон. Имаме одговорности и пред Европската Унија и донаторската заедница во користењето на нивните средства. Никој не ви дава да трошите средства ако преку прецизни индикатори не ја прикажете моменталната состојба и резултатот кој што сте се обврзале да го постигнете. И се доведуваме во ситуација да се објаснуваме и да бараме одложување, а главен аргумент ни е пописот за кој сме се обврзале дека ќе го спроведеме оваа година, рече Милевски.

Министерот порача дека е нужно што поскоро, преку успешно спроведен попис, државата да обезбеди објективни и целосни статистички податоци врз основа на кои што ќе го планира сопствениот развој и развојот на општините и на планските региони, а државата да има квалитетни податоци за поголема апсорбција на средства од ИПА инструментот на ЕУ и од други донатори.

– Треба да покажеме дека сме организирана држава која што може да спроведе попис и да обезбеди бази на податоци без кои што не можеме да зборуваме за интеграција во Европската Унија, без кои не можеме да креираме одговорни политики како земја членка на НАТО. На секој разумен човек му е јасно дека натамошното одложување би било крајно неодговорно, а штетата огромна и ненадоместлива и за државата и за граѓаните.  Ние не смееме да си го дозволиме тоа. Не ни е целта да се пребројуваме, туку да знаеме точно кој е потенцијалот на оваа држава, за да можеме да донесуваме рационални одлуки во интерес на сите граѓани, рече Милевски на средбата.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ