• Latest

Милевски: Процесот на децентрализација се очекува да заврши до локалните избори

September 30, 2020

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Милевски: Процесот на децентрализација се очекува да заврши до локалните избори

September 30, 2020 15:35
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски на денешната прес-конференција во врска со процесот на децентрализација истакна дека не зависи од нив, бидејќи, како што рече, не се работи само за еден закон. Посочи дека тоа е политичка одлука на Владата.

Милевски потенцираше дека сето она што планираат да го направат околу децентрализацијата е да го завршат до локалните избори за да може новиот состав да функционира со зголемени ингеренции. Додаде дека имплементацијата на законот за децентрализација би значело повеќе пари за општините од ДДВ-то и од персоналниот доход.

– Процесот на децентрализација, ние како тим во Министерството заедно со Фатмир Битиќи го имаме изготвено како таков. Сега следува фаза уште еднаш да ги преиспитаме сите одлуки и мерки што таму сме ги предвиделе и да почнеме со негова имплементација. Тоа не зависи од нас, не е еден закон. Тоа е политичка одлука на Владата и кога ќе го прифати нашиот концепт, секое министерство во одредени рокови треба да изготви измена на конкретните закони од својата област и преку Собранието за почне практично префрлувањето на ингеренциите на локално ниво. А, со Министерството за финансии да ја почнеме таа фискална децентрализација, односно повеќе пари за општините од ДДВ-то и од персоналниот доход, рече тој.

Исто така, посочи Милевски, важно нешто што го правиме со Министерството за правда е отворени листи за избор на советници со којшто ќе дадеме уште еден стимул кон поголема отчетност и контрола на граѓаните.

– Избор на советници коишто ќе бидат од граѓаните и ќе работат за граѓаните. Очекуваме сите овие процеси да се одвиваат во текот на следната година и се надевам дека новиот мандат на советниците во 2021 година, но практично со буџетот од 2022 година ќе започнат да го работат со новите ингеренции, рече тој.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ