Гаранцијата од еден милион евра која ја понуди Сашо Мијалков за да излезе од притвор е вратена на адвокатскиот тим за да ја комплетира документацијата.
СЈО ќе треба да даде мислење пред судот, за предлогот на Мијалков, за да се донесе одлуката дали тој ќе се брани од слобода или ќе остане во затворот во Шуто Оризари.
Претходно кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 ја одби жалбата на Мијалков и ја потврди одлуката на судијата на претходната постапка да му се одреди 30 дена притвор како осомничен во предметот на СЈО „Империја”.