• Latest

Минималната плата да не биде условена од учинокот

October 20, 2017
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Минималната плата да не биде условена од учинокот

October 20, 2017 12:55
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) бара минималната плата од 12.000 денари согласно со измените на Законот од пред еден месец, да не биде условена од учинокот. Новата регулатива, според која 20 отсто од работниците може и законски да не добиваат минимална плата, сметаат од ССМ ги загрозува вработените во одредени дејности.

„ССМ поднесе претставка до Уставен суд за испитување на уставноста на членот на Законот, којшто го предвидува нормираниот учинок, бидејќи Уставот на Македонија гарантира еднаквост на граѓаните, заработувачка согласно со вложениот труд. А, во Законот е вградена одредба која што кажува дека 20 отсто од работниците може да не ја добиваат минималната плата. Поради тоа, ние цело време укажуваме дека или Законот има цел да одреди минимална плата гарантирана за полно работно време или зошто ни е закон што вели „вие не мора да ја платите таа плата“, вели Маре Анчевска, генерален секретар на Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство (СИЕР).

Според оценките на синдикалците во сите дејности има услови за исплата на минималецот од 12.000 денари. Не држат забелешките на одредени работодавци, дека затоа што работат лон-систем за странски пратнери по веќе договорени суми, не може да ја зголемат платата на работниците.

 „Работодавците со следните транши на договори што ќе ги склучуваат, знаат со какви трошоци треба да калкулираат.Точно е во јавноста се шират гласини дека не може да се оствари, дека не е реална и не е остварлива минималната плата. Меѓутоа исто така во јавноста протекоа и други информации од спротивната страна, за тоа колкави лични примања пријавуваат одредени сопственици на текстилни фабрики, што тврдат дека не може да ја постигнат оваа минимална плата. Да, минималната плата е економска категорија, таа треба да биде резултат на остварување економски резултат и треба да се гледа целокупната економија на претпријатието. Но, мора да почнат првите чекори кон чесно вреднување на трудот“, забележува Анчевска.

За поголема продуктивност според Анчевска работодавците треба да се насочат кон нови вложувања, следење на техничко-технолошкиот развој. Не смее целиот товар да се биде врз работниците, кои и колку да работат и какви било вештини да поседуваат, не ќе можат да ги постигнат резултатите коишто би се постигнале со модернизација на производната линија во конкретната дејност.

М. Талеска

Tags: Закон за минимална платаМаре Анчевскаминимална платаработнициработодавциСИЕРССМтекстилУставен судуставност
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ