Предлог-измените на Законот за минимална плата кои се усогласени со одлуките на Економско-социјалниот совет за зголемување на минималецот на 18.000 денари денеска се на дневен ред на 62. собраниска седница. Ова законско решение се носи по скратена постапка, а доколку се донесе, согласно договорот на ЕСС, треба да почне да се применува веќе од март што значи дека во април околу 80.000 работници ќе земат зголемена минимална плата, пренесува МИА.Договорот за покачување на минималната платат беше постигнат во понеделникот, по неколкуте преговори меѓу социјалните партнери, ССМ, Владата и организацијата на работодавци. Според договореното, работодавачите ќе ја покачат минималната плата, додека трошоците за придонесите за работниците ќе ги покрива и државата.