• Latest

Министерката Шахпаска во Сараево на форум за интеграција на Ромите

June 28, 2021
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Зеленски: Русија не чувствува доволен притисок за крај на војната

October 22, 2025
Трамп. Фото: Генерирано со ChatGPT

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Sky News Australia

СЗО: Здравствената катастрофа во Газа ќе трае со генерации

October 22, 2025
Креирано со помош на ВИ

Руското влијание врз локалните избори 2025: Про-руски партии, финансиери блиски до Москва, руска пропаганда во медиумите

October 22, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мирни локални избори засенети од висока политичка поларизација, висок број неважечки ливчиња, прекршување на молкот и говор на омраза

October 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Приливот на храна во Газа е сè уште далеку под целите, посочуваат од Светската програма за храна

October 21, 2025

Според меѓународните набљудувачи, локалните избори беа засенети од правни недостатоци, ограничени институционални капацитети и висока политичка поларизација

October 21, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Владата наложи вонредна инспекција во Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ поради кризата со отпадот

October 21, 2025

Европскиот парламент со резолуција за Србија: Растечка репресија, кинеско влијание и најголеми демонстрации во последните децении

October 21, 2025

Македонски туристи во Кина принудени да го тргнат македонското државно знаме

October 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Министерката Шахпаска во Сараево на форум за интеграција на Ромите

June 28, 2021 14:45
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска се обрати на Министерски состанок за интеграција на Ромите во Сараево: Интеграцијата на Ромите е наша обврска, заедничката работа дава резултати во образованието, вработувањето и домувањето.

МТСП соопшти дека на состанокот, кој е во организација на Министерството за човекови права и бегалци на Босна и Херцеговина и Регионалниот Совет за Соработка учествуваат министрите од Западен Балкан кои се одговорни за интеграцијата на Ромите, а преку видео порака се обратија и Оливер Вархеи, комесар за проширување на Европската Унија, како и Михаел Рот, германски државен министер за Европа.

-Изминатиов период, од Самитот на лидерите на Западен Балкан во Познањ во јули 2019, па се до денешниот состанок се покажа како еден од најпродуктивните периоди на регионално ниво, кога е во прашање унапредувањето и интеграцијата на Ромите. За Република Северна Македонија ова беше период кога на дневна основа се работеше на сите горливи теми кои се поврзани со интеграцијата на Ромите – образованието, вработувањето, домувањето, регулирање на матичната евиденција… Кога работиме заедно, кога имаме меѓусебна поддршка, кога споделуваме искуства резултати мора да има, нагласи министерката Шахпаска.

На панелот, на кој се дискутираше за напредокот на секоја земја и за исполнувањето на преземените обврски од претходниот министерски состанок во Албанија, министерката Шахпаска информираше дека Република Северна Македонија има постигнато голем напредок во делот на предучилишното образование во кое бесплатно се вклучени 400 деца Роми во јавните градинки, додека за средношколците и студентите Роми се поделени 700 стипендии. Истовремено, таа нагласи, дека преку конкретни проект се работи на задоволување на потребите на Ромите за обезбедување соодветни услови за домување.

-Паралелно интензивно работиме и на креирање и имплементација на активни мерки за вработување со кои се таргетирани и Ромите, со цел и оние што се со пониско ниво на образование да ги вклучиме на пазарот на трудот. Си поставивме задача да развиеме Програма за трансформација на непријавената работа кај Ромите, со цел до крајот на 2025 година да ја намалиме непријавената работа од 39 на 25 проценти, порача министерката Шахпаска.

Таа додаде дека со добра динамика се имплементира и Законот за лица неевидентирани во Матичната книга на родените, но и дека во тек е подготовката на Законот за домување кој ќе содржи посебна глава за социјално домување на која работи Министерството за труд и социјална политика.

Преку ИПА 2 програмата започна проектот за измена на генералните и деталните урбанистички планови во пет општини со доминантно ромско население, по што 170 индивидуални куќи и живеалишта на ромски семејства ќе бидат реновирани или реконструирани. Интеграцијата на Ромите мора да биде сеопфатна што значи дека со процесот на зелена агенда и на дигитализација, на кој како држава интензивно мора да бидат опфатени и овие граѓани. Затоа веќе работиме на конкретни проекти за зголемување на пристапот кон дигиталните средства и дигиталната писменост, додаде Шахпаска.

На министерскиот состанок учествуваа министрите надлежни за социјални прашања од Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија, како и директорот на Канцеларијата за Иницијативи за Ромите на Фондацијата Отворено општество.

На крајот на Вториот министерски состанок беа усвоени заклучоци за натамошниот процес на интеграција на Ромите, кои се очекува да бидат поддржани на Самитот на лидерите на Западен Балкан во рамките на  „Берлинскиот процес“, што ќе се одржи на 5 јули, во Берлин, Германија.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    181 shares
    Share 72 Tweet 45
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Хоџиќ: Демократската криза во Северна Македонија – од популизам до самоизолација

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ