• Latest

Министерството за финансии преку МСИП обезбеди 165 милиони денари за локален развој на 12 општини

August 20, 2019
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025

DDGI им се придружи на светските лидери и мислители на инаугуративниот глобален форум во Лугано

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Министерството за финансии преку МСИП обезбеди 165 милиони денари за локален развој на 12 општини

August 20, 2019 11:56
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Проектот за подобрување на општински услуги-МСИП, кој го спроведува Министерството за финансии со поддршка на Светска банка денеска им обезбеди 165 милиони денари на 12 општини во земјата за изградба на локални улици, водоводи, реновирање градинка, набавка на механизација и изградба на скејт парк, соопшти Министерството за финансии.

Заменик министерката за финансии Ширет Елези денес потпиша договори со градоначалниците на општините Тетово, Кочани, Делчево, Брвеница, Бутел, Дебрца, Илинден, Кисела Вода, Гази Баба, Гевгелија и Чешиново Облешево.

Од вкупните средства, 136,8 милиони денари се заеми по исклучително поволни каматни стапки, под 1%, додека 28 милиони се грант средства за општините.

Со спроведување на овие проекти жителите на овие 12 општини ќе добијат подобри општински услуги. 

Заеми преку Проектот за подобрување на општински услуги добиваат општините Тетово, Кочани и Делчево. Истите ќе се искористат за изграда на булевар и улици. Во Тетово со заемот од 60,6 милиони денари ќе се продолжи булеварот „Видое Смилевски Бато“, кој е главна комуникациска артерија за товарниот сообраќај кој од Скопје, Тетово и Гостивар се движи кон граничниот премин. Во Кочани со 43,9 милиони денари ќе се изградат или ќе се финализира изградбата на 11 улици, од кои шест се во урбаниот дел, додека пет се лоцирани во руралниот дел, во селата Тркање и Оризари. Во Делчево со 32,3 милиони денари ќе се изврши реконструкција на две постојни улици и една земјена улици во градот.

Градоначалничката на Тетово Теута Арифи истакна дека проектот кој ќе се реализира во нејзината општина – продолжување на булеварот „Видое Смилевски-Бато“, е од исклучително змначење за сите граѓани од Полошкиот регион.

„Секоја општина мора да биде кредитноспособна за да може да аплицира за вакви проекти. Реализацијата на ваквите проекти ги подобрува општинските услуги кои се даваат на граѓаните, а со тоа се обезбедуваат подобри услови за живот во општините“, рече Арифи.

Грант средства добиваат општините Брвеница, Бутел, Дебрца, Гостивар, Илинден, Кисела Вода, Гази Баба, Гевгелија и Чешиново Облешево. Тие ќе се искористат за изградба на водоводи, изградба на скејт парк, обнова на градинка, набавка на механизација и улично осветлување. Гази Баба грантот од 5,13 милиони денари ќе го искористи за „Изградба на примарна и секундарна водоводна мрежа за село Раштак – крак 1 и крак 7 во долна зона“. Општина Кисела Вода со грант средства во висина од 4,74 милиони денари ќе извршиенергетска обнова на  градинката “Весели Цветови – објект Мимоза”.

Гевгелија со грант средства во износ од 4,17 милиони денари ќе изгради водоводна мрежа во должина од 1,7 километри во населбата Караорман.Бутел со грантот од 3,66 милиони денари ќе ги искористи за набавка на специјална машина – метлачка. Брвеница со грант од 3 милиони денари, исто така ќе набави механизација за спроведување на општински услуги. Илинден добива грант од 2,9 милиони денари со кои ќе изгради дел од скејт парк. Гостивар добива грант од 2,6 милиони денари со кои ќе набави возило за одржување на улични светилки. Грант во износ од 1,5 милиони денари добива и Чешиново Облешево со кои ќе набави возило и механизација. Општина Дебрца пак добива грант од 336 илјади денари со кои ќе набави компјутерска опрема за општината.

Градоначалникот на општината Гази Баба Борис Георгиевски рече дека со спроведувањето на проектот за изградба на примарна и секундарна водоводна мрежа во село Раштак ќе се реши проблемот со водоснабдување. Тој посочи дека преку вакви локални проекти се подобруваат условите за живеење на граѓаните во општините.

Инаку, вкупниот износ на Проектот за подобрување на општинските услуги, што Министерството за финансии го спроведува со поддршка на Светска банка и Европска Комисија достигна 100 милиони евра. Со овие средства беа финансирани над 230 капитални проекти досега во сите општини во земјава, како изградба на локални улици, градинки, училишта, водоводи и канализации и други проекти, соопштија од Министерството за финансии.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ