„Министерството за здравство утре ќе ги поднесе предлог измените во законот до Владата, со што цените за лекување на приватно ќе бидат ограничени се додека државата е во кризна или вонредна состојба. „Го слушнавме апелот на граѓаните, сепак е криза, има потреба да се користи тој болнички капацитет и во таа смисла веќе утре на Владата ќе и поднесеме предлог измена на Законот за здравствена заштита“, вели министерот за здравство, Венко Филипче, пренесува Дојче Веле.
Досега пациентите плаќаа 12 000 евра, по што од Жан Митрев најавија дека за пациенти што ќе се лекуваат со полуинтензивна нега, лекување во траење до 10 дена ќе чини 6 000 евра. За пациентите на кои им е потребно интензивно лекување, односно се преземени во сериозна здравствена состојба од други институции каде што биле претходно хоспитализирани, цената за максимум 10-дневно лекување ќе изнесува 8 000 евра.
Корекцијата на цените доаѓа откако неодамна и претседателот Стево Пендаровски, по седницата на Советот за безбедност, упатиапел до приватните болници да ги намалат цените за лекување на Ковид-пациентите и им порача дека никој не треба да ги искористува личните трагедии за профит.












