• Latest

Министрите низ годините во повеќе мандати: Преглед на составот на српските влади од 1991 година

December 17, 2023

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
European Union, 2023 - Source: EP - Laia Ros

Меѓу домашните слабости и европските преседани: Што навистина значи извештајот на Европскиот парламент за Северна Македонија?

June 17, 2026
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026

Андонов прв ја отвори можноста за референдум за уставните измени

June 16, 2026

Граѓански форум: Длабока недоверба кон политичките партии

June 16, 2026
Илустрација ВИ

Мировниот договор меѓу САД и Иран ја намали цената на нафтата, но неизвесноста останува

June 15, 2026
Фотографија: Платфрома Х, Н..Е. Лариса Дир, амбасадорка на Украина во Северна Македонија

Нови жестоки напади врз Украина: Загинати и повредени во Кијив, оштетена Кијево-Печерската лавра и уништено студиото „Довженко“

June 15, 2026
Скопски безбедносен форум 2026(Фотографија: ЦИВИЛ Медиа)

Безбедносен форум Скопје 2026: Западен Балкан како архитект на стабилноста во новата безбедносна реалност

June 15, 2026

(РАЗОТКРИВАЊЕ) Дезинформациите за „био-лабораториите“ во Украина: Како се шири лагата во САД

June 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Министрите низ годините во повеќе мандати: Преглед на составот на српските влади од 1991 година

December 17, 2023 15:52
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Новата српска влада, што треба да се формира по денешните избори, ќе биде 18-та по ред од воведувањето на повеќепартискиот систем во државата во 1991 година и дванаесетта по демократските промени во 2000 година, пишува денеска N1.

Изминатите шест влади мнозински ги сочинуваше Српската напредна партија, која секојпат за свој коалициски партнер ја избираше Социјалистичката партија на Србија.

Од 1991 до 2023 година, само еден премиер имал три последователни влади, а тоа е актуелната премиерка Ана Брнабиќ. На чело на владата е шест години – од 2017 година.

Четворица премиери имаа по два последователни мандата – Мирко Марјановиќ од 1994 до 1998 и од 1998 до 2000 година, по октомвриските промени тоа беше Воислав Коштуница од 2004 до 2007 година и од 2007 до 2008 година. Потоа, Александар Вучиќ беше на чело на владата од 2014 до 2016 година и повторно до 2017 година, кога беше избран за претседател на државата.

Најдолго траеше првата влада на Мирко Марјановиќ и владата на Мирко Цветковиќ предводена од Демократската партија (2008-2012), по четири години.

Во повеќе од 30 години повеќепартизам во Србија, низ владите поминаа неколку стотици луѓе на премиерски функции, потпретседатели и министри, од кои многумина беа на исти или слични функции повеќе пати.

По 2000 година рекордер со 13 години „министерување“ е Расим Љајиќ, кој беше министер во шест влади – министер за труд (2007-2008, 2008-2012) и министер за трговија и телекомуникации (2012-2014, 2014-2016, 2016-2017, 2017-2020).

Со 11 години министер и две години премиер, е лидерот на социјалистите Ивица Дачиќ. Прво како министер за внатрешни работи од 2008 до 2012 година, потоа беше премиер од 2012 до 2014 година, веднаш се пресели на функцијата министер за надворешни работи до 2020 година, а по минатогодишните избори се најде на истата позиција.

По него е Зорана Михајловиќ, која беше министерка вкупно 10 години, во пет мандати.

Г. Т.

Tags: владиизборирекордерисоставСрбијафункции
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ