• Latest

Министерот Сугарески на средба со синдикалците од МЖ „Транспорт“

June 5, 2017
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Министерот Сугарески на средба со синдикалците од МЖ „Транспорт“

June 5, 2017 12:05
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, утрово оствари средба со Синдикатот на машинскиот персонал во „Македонски железници“, како и со генералниот директор на МЖ „Транспорт“ АД Скопје, откако дел од МЖ „Транспорт“, утрово повторно ја прекина својата работа.  

Во соопштението од Министерството за транспорт и врски се вели дека на средбата се разговарало за настанатата состојба со доцнењето на платите, како и за другите барања на Синдикатот при МЖ „Транспорт“ Скопје.

Министерот Сугарески изразил разбирање за настанатите ситуации во компанијата и најавил дека во најкратко време ќе се разгледаат сите законски можности за решавање на истите, како и долгорочно решавање на состојбите во железничкиот сообраќај во Република Македонија.

Од утрово од 7 часот, машинскиот персонал на МЖ „Транспорт“ го стартуваше највениот штрајк. Неисполнетите ветувања на в.д директорот, Игор Коруновски се причина железничките работници да не ги извршуваат работните обврски.

Во знак на протест поради доцнењето на исплатата на платата и селективното зголемување нна платите само за дел од вработените, Душко Чакаровски претставник на Машинскиот персонал бара зголемување и урамнотежување на коефициентот на сите машинисти, процентите на додатокот на плата за работа ноќно време и работа за време на викенд и празници, кои им се одземени пред десет години.

Вработените бараат исплата на вториот дел од априлската плата и плата за мај, како и изготвување правилник за вреднување на работните места.

Денеска ќе бидат пропуштени само возовите за Битола во 14 часот и за Гевгелија во 16.55 часот, како и меѓународните Белград-Скопје-Солун, како и Солун-Скопје-Белград.

М. И.

Tags: Горан СугарескиМЖ ТранспортМинистерство за транспорт и врскиШтрајк
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ