Министерот за правдa, Билен Саљији, на прес-конференција која се одржа вечерва во 20:30 часот си даде оставка од морални причини поради случајот со малиот Алмир.
Саљији е роден во 1975 година во Добри Дол, општина Врапчиште.
По завршено средно образование во Гимназија „Панче Поповски” во Гостивар, студира на Правниот факултет на Државниот универзитет во Тетово.
Од 2005 до 2009 година бил советник за односи со јавноста во Општина Врапчиште, а од 2009 до 2011 бил директор во ЈКП „Врапчиште“, Општина Врапчиште.
Во периодот од 2011 до 2017 година бил директор на Државниот инспекторат за шумарство и ловство.
Во 2017, по предлог на Али Ахмети од ДУИ, станува министер за правда на новата Влада.
Е. Климента