• Latest
dav

Мирно, масовно и под дожд протестот во Атина во рамките на генералниот штрајк

September 24, 2019

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мирни локални избори засенети од висока политичка поларизација, висок број неважечки ливчиња, прекршување на молкот и говор на омраза

October 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Приливот на храна во Газа е сè уште далеку под целите, посочуваат од Светската програма за храна

October 21, 2025

Според меѓународните набљудувачи, локалните избори беа засенети од правни недостатоци, ограничени институционални капацитети и висока политичка поларизација

October 21, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Владата наложи вонредна инспекција во Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ поради кризата со отпадот

October 21, 2025

Европскиот парламент со резолуција за Србија: Растечка репресија, кинеско влијание и најголеми демонстрации во последните децении

October 21, 2025

Македонски туристи во Кина принудени да го тргнат македонското државно знаме

October 21, 2025
Скриншот од видео на FRANCE 24 English

Саркози започна со отслужување на петгодишната затворска казна

October 21, 2025
Фото: ВИ

Прекршување на изборниот молк, лажни вести и говор на омраза

October 21, 2025
Скриншот од видео на The Hill

(ВИДЕО) Трамп до австралискиот амбасадор: И јас не те сакам и веројатно никогаш нема да те сакам

October 21, 2025
Моментот кога Санае Такаичи ќе победи на Долниот дом на Јапонија. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Санае Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Мирно, масовно и под дожд протестот во Атина во рамките на генералниот штрајк

September 24, 2019 13:50
in ВЕСТИ, РЕГИОН
dav

dav

Share on FacebookShare on Twitter

Без проблеми и без инциденти, масовно и под дожд завршија протестите во центарот на Атина во рамките на генералниот штрајк организиран од грчките синдикати.

Со слогани против владата, плакати против законот за раст што планира да го донесе грчката влада, но и против приватизациите, Грците маршираа низ улиците во центарот на Атина, се до грчкиот Парламент, на првиот генерален штрајк, откако во јули годинава имаше промена на власта во Грција.

Едниот протест беше организиран од синдикатот на вработените во државниот сектор и различни федерации и здружениј на вработени, а другиот од синдикатот ПАМЕ на Комунистичката партија.

Дописничката на МИА од Атина поразговара со дел од демонстрантите кои објаснија зошто денеска решија да учествуваат во протестот, но и зошто се против законот што владата во следниот период планира да го донесе во грчкиот Парламент.

-Наводниот закон на владата ги срамнува со земја работничките права, удира по синдикатите по логиката на недостоинствен неолиберален развој што сака да го донесе. Бараме да се повлече законот што ги поништува работничките права, отвора електронски досиеа за синдикалцте, предвидува електронско носење одлуки за штрајк, наместо преку генерални собранија и носи мерки на товар на работниците какои и змени во колективните договори, вели член на грчката федерацијата на наставници.

-Очекуваме да не се имплементира овој закон бидејќи не се однесувасамо на вработените во јавниот сектор. Ако ги погоди државните службеници, ќе го погоди и приватниот сектор. Затоа, ние имаме поголем дел од одговорноста да го запреме овој закон. И не е само за нас, туку и за следните генерации, вели за МИА вработена во државната администрација.

-Владата, го нарекува закон за раст, но единствено што прави е да ги задоволува барањата на работодавачите. За вистински да постои раст и развој за сите, владата треба да го повлече конкретниот закон, вели вработена во атинска општина.

Денешниот генерален штрајк го поддржа и опозициската СИРИЗА, а на протестот во Атина, присиствуваа и поранешни и сегашни пратеници од партијата.

Штрајкот, како што соопштија синдикатите, е одговор на планот на владата, во Парламентот да донесе закон што содржи измени во законот за синдикатите, за колективните договори и здравственото осигурување и паралелно бараат покачување на платите и пензиите, постојани вработувања и запирање на приватизациите.

-Правото на штрајк е последно оружје на работниците и мораме да го браниме со сите наши сили. Не може да се отстрани правото на сите за јавно здравствено осигурување и се бориме за владата, да не го донесе во Парламентот за гласање, законот за приватизација на дополнителното осигурување, соопштуваат од синдикатот на вработените во јавниот сектор на Грција, кои воедно се главните организатори на штрајкот.

Во 24-часовниот штрајк што започна утрово учествуваат вработените во јавниот сектор, во државните болници, во здравствените центри и итната помош, како и службениците во банките.

Федерациите на вработените во образованието, ги повикуваа воспитувачите, наставниците и професорите да учествуваат во штрајкот.

Новинарите и вработените во приватните и државните медиуми од 12 до 15 часот имаат тричасовен прекин на работа и во тој период не се емитуваат вести.

Бродовите од 6 часот утрово се закотвени на пристаништата, а проблеми има и во јавниот превоз во Атина, со оглед на тоа што автобусите тролејбусите учествуваат во 24-часовниот штрајк, метрото ќе сообраќа од 9 до 21 часот, а трамвајот од 7 до 23 часот. / МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    181 shares
    Share 72 Tweet 45
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Хоџиќ: Демократската криза во Северна Македонија – од популизам до самоизолација

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ