Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел изјави дека е уверен оти лидерите на ЕУ ќе донесат позитивна одлука за доделување кандидатски статус на Украина и Молдавија и дека врвен приоритет за ЕУ е што поскоро да ги започнеме преговорите со Албанија и со Северна Македонија, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Европскиот совет.
„Ова е одлучувачки момент за Европската унија. Ова е геополитички избор што ќе го направиме денеска. Уверен сум дека денеска ќе им дадеме кандидатски статус на Украина и на Молдавија и ќе изразиме јасна и силна европска перспектива за Украина и Грузија. и Молдавија“, рече Мишел.
Тој, исто така, истакна дека средбата со лидерите на Западен Балкан е во насока на реенергирање на процесот на европска интеграција на регионот.
-Имаме важен состанок со лидерите на Западен Балкан и постои желба да внесеме нова енергија во нашиот процес. Во моментов имаме проблем во Бугарија и се обидуваме да ставиме предлози на маса за да можеме што поскоро да ги почнеме пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. Тоа е нашиот главен приоритет сега и ќе направиме се за да напредуваме во тоа, изјави Мишел.
Мишел истакна дека врвен приоритет за ЕУ е што поскоро да ги започнеме преговорите со Албанија и со Северна Македонија
Ќе ја следиме ситуацијата внимателно. Ние сме вклучени со француското ротирачко претседателство за да ставиме предлози на маса, за да можеме што поскоро да ги започнеме преговорите со Албанија и со Северна Македонија. Ова е врвен приоритет за нас. Ќе направиме се за да постигнеме исход на таа важна тема и да се увериме дека сите напори направени во врска со Босна и Херцеговина ќе имаат позитивен ефект за смирување на политичките тензии во земјата и за да се осигураме дека институциите работат во земјата. .
Подготви: Д.Мишев