• Latest

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ вечерва пред Влада

June 2, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ вечерва пред Влада

June 2, 2018 09:43
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„СДСМ цела година ја враќа Република Македонија назад.  Ја враќа назад во секој поглед. Една година економијата е во стагнација, без никаков раст, една година државата е заробена, судовите работат по диктат, а институциите се злоупотребуваат од власта.“ – се вели во соопштението од центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните се разочарани од власта. Една година откако СДСМ е на власт, нема ништо од ветувањата за 500 евра плата, 100.000 денари плата за лекарите, поврат на 15% ДДВ, социјална помош од 12.000 денари, бесплатно болничко лекување, 600 километри нов автопат и 550 километри магистрални патишта. Се што вети СДСМ е голема лага.

Граѓаните живеат полошо од пред една година. Платите паѓаат, цените на мало се зголемуваат. Количината на дизел која граѓаните можеле да ја купат со една просечна плата пред една година е за 120 литри помала денес.

Нема ниту една капитална инвестиција, а јавниот долг надмина 5 милијарди евра. Милиони задолжување секој месец, а граѓаните не знаат каде завршуваат парите кои идните генерации ќе ги враќаат.

Додека сите се се посиромашни, се богати само Заев и картелот кој го води. За една година Заеви го купија струмичкиот гигант „Герас Цунев“, по цена од обична гарсониера, влегоа во милионскиот бизнис со марихуана, а нивните камиони превезуваат руда за потребите на „РЕК  Битола“.

Правната држава стана мисловен поим, а судството не одлучува по закон, туку по диктат на Зоран Заев и криминалниот картел кој го води.

Една година СДСМ е една година чемер и јад за граѓаните. Една година  СДСМ е една година стагнација, неработа и безидејност. Република Македонија мора да продолжи по вистинскиот пат, СДСМ не е иднината која ја посакуваат граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани, кои се излажани од оваа недемократска и ненародна власт, на 2 јуни во 20 часот пред владата на голем протестен митинг против криминалот и корупцијата на власта, против  аматеризмот во водењето на  државата и расфрлањето со државните интереси.“

Од ВМРО – ДПМНЕ најавуваат митинг вечерва во 20 часот пред Владата на Република Македонија.

Д. Т.

                        

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: владаВМРО - ДПМНЕсобир
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result