Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој е избран како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и сѐ уште е член на партијата, на трибина во Кавадарци, меѓу другото, зборуваше за тоа каков лидер сака да биде тој лично, пренесува Слободен печат.
https://www.facebook.com/121687454588195/videos/3331717743575464
– Дај Боже сите да бидеме како Зоран Заев и да бидеме сите флексибилни и да можеме да работиме, ако од двете страни го постигнеме истото, а и вие тоа го сфатите во општеството, државата ќе ни стане како Швајцарија – рече Јанчев.
Тој побара неговиот став да не биде доживеан како навреда кон неговата партија, туку како негово лично мислење.