• Latest

Митко Јанчев: ВМРО-ДПМНЕ треба да биде партија што мисли за иднината (2 дел)

August 31, 2019
Никица Корубин

(Де)исламизирана албанофобија

May 9, 2025
Фото: На 7 мај, Јодл потпиша безусловен „Акт за воено предавање“, Wikipedia

Историски факти: Западот наспроти Истокот, два датума, една победа над фашизмот

May 9, 2025

Ден на Европа: Зачетоци, формирање, значење и одбележување

May 9, 2025

Велика Британија објави нов пакет санкции против Русија кои вклучуваат директори на нафтена компанија

May 9, 2025
Фросина Кулакова

Васил Јованов призна вина за прегазувањето на Фросина Кулакова

May 9, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Косово се соочува со политичка криза и санкции од ЕУ; Албанија два дена пред парламентарни избори; Рама најави отворање на третото поглавје

May 9, 2025
Фото: Укринформ

Фон дер Лајен: Европа останува сидро на стабилноста во еден свет што се менува

May 9, 2025

Кина потроши милијарди долари за развој на воена технологија; Конфликтот меѓу Индија и Пакистан би можел да биде нејзиниот прв голем тест

May 9, 2025
Фото: МИА архива

Службата за безбедност на Украина разоткрила шпионска мрежа на унгарската разузнавачка служба во Закарпатската област

May 9, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Пакистан отстапува простор за дипломатија пред да одговори на нападот на Индија

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Митко Јанчев: ВМРО-ДПМНЕ треба да биде партија што мисли за иднината (2 дел)

Во овој (втор) дел од интервјуто со Јанчев разговараме за политички прашања и теми. И во овој дел од интервјуто, како и во првиот, кај нашиот соговорник гледаме одмереност и прагматизам, но и визија на еден модерен политичар што ја разбира и ја практикува инклузивноста, за што може да посведочи и фактот што тој е омилен меѓу своите сограѓанки и сограѓани, без оглед на политичката или друга припадност.

August 31, 2019 16:36
in ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Митко Јанчев е единствениот градоначалник на урбана општина од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој е спешен бизнисмен и политичар, со истенчено чувство за локалните прашања, особено во доменот на заштитата на животната средина за кои разговаравме во првиот дел од ова интервју. Во овој (втор) дел од интервјуто со Јанчев разговараме за политички прашања и теми. И во овој дел од интервјуто, како и во првиот, кај нашиот соговорник гледаме одмереност и прагматизам, но и визија на еден модерен политичар што ја разбира и ја практикува инклузивноста, за што може да посведочи и фактот што тој е омилен меѓу своите сограѓанки и сограѓани, без оглед на политичката или друга припадност.

ЦИВИЛ МЕДИА: Да одиме во една малку подинамична реалност која ја живееме во нашата земја. Кои се вашите коментари за тековните, актуелните општествено политички состојби?

ЈАНЧЕВ: Во делот на тековните дневно политички состојби, ако зборуваме за локалните, мислам дека секој еден градоначалник според своите можности, ресурси и капацитети, коишто ги има во општината се стреми да направи нешто подобро за градот. Не верувам дека некој не сака да успее или дека би опструирал нешто.

Се издвоија некои средства од 50 милиони евра за да се раздолжат општините, затоа што ние во нашата држава имавме многу должни општини. Нашата општина за волја на вистината, и наша среќа, не е задолжена и е во добра кондиција. Но, ако навистина ти е задолжена општината и немаш буџет и однапред си потрошил за наредните четири години, мислам дека е невозможно да се направи нешто, без разлика кој и да дојде.

Истото е и на централно ниво, во владеењето на сите институции и јавни агенции, мислам дека треба прво да се направи една добра анализа, во општините и во државата се слеваат прилично добри приходи.

На пример, во нашата општина битно е дека ги намаливме трошоците. Го зголемивме обемот на работа, го покачивме нивото на квалитет, и во културата, и во хигиената, и на услугите на граѓаните. Не избркавме ниту еден од работа, не намаливме ниту една дејност, проширивме дејности во општината, а бруто трошокот на општината од 2 милиони евра го намаливме на 1.600.000 евра. За една година успеавме да сумираме каде непотребно ни се одливаат 400.000 евра, да ги заштедиме тие пари за инвестиции, а сепак, општината да функционира на повисоко ниво.

Мислам дека во секоја институција со добро менаџирање и согледување на состојбите, без да се расфрлаат пари непотребно. Кога кажувам непотребно мислам на луксуз.

Еве, на пример, пред јас да бидам градоначалник, ние имавме фирма, добиена на тендер која го одржуваше и сервисираше уличното осветлување во општина Кавадарци. Општина Кавадарци има 3.000 светилки. Кога видовме што значи одржување и сервисирање на една сијалица, заедно со средното стручно училиште, каде што има смер од две паралелки за електро-техничари, овозможивме таму да ги сервисираме нашите светилки, со тоа што ние си ги купуваме деловите кои не чинат пет пати поевтино. Праксата, пак, на самите ученици е дополнителна добивка.

Верувам дека секоја општина, во делот на стручните училишта, во делот на основните или во делот на високото образование, може да постигне нешто плус за да ги инволвира младите, и сето тоа да се врати како бенефит на самата општина.

Митко Јанчев: Целокупната негативна атмосфера и негативните случувања во било која општина, или на било кое ниво во државата, се рефлектира кон пониските структури и кон другите општини. / фотографија: М. Ивановска/ЦИВИЛ

ЦИВИЛ МЕДИА: Тоа значи дека еден случај како што го нарекуваат „Рекет“ не може да влијае на животот на една општина во ниту една смисла на зборот? Сметате ли дека општите состојби во Скопје немаат некое влијание на животот во општината и на вашата работа?

ЈАНЧЕВ: Гледајте, има влијание. Целокупната негативна атмосфера и негативните случувања во било која општина, или на било кое ниво во државата, се рефлектира кон пониските структури и кон другите општини. Дај Боже да се секогаш позитивни, па позитивното да го влечеме. Ете го споменавте случајот „Рекет“, или било кој друг случај. Никој не може да биде имун на која било ситуација.

Еве јас како градоначалник во овие година и половина сум имал можност да се сретнам со секакви луѓе, од било каква сфера на соработка, меѓутоа, кај мене постои една пракса каде што ако некој сака состанок што се однесува на некој дел од работењето на општината, за мене раководителот на тој сектор е фигура која што задолжително треба да биде присутна. Некогаш кога треба да земеме некоја донација, ние добро се информираме, знаеме кои се компаниите, носиме одлука на совет, иако немаме законска регулатива и обврска тоа да го правиме. Ние сепак транспарентно ја ставаме на совет, да се разговара, затоа што никогаш не можеме да ги знаеме задните намери на никого.

Во однос на институциите кои се инволвираат во случаите, дали е тоа „Рекет“, дали е тоа мито, корупција или било што, за мене е комплетно неприфатлива ситуација. Мислам дека секој еден службеник, а особено на такви структури, како што се тие високи служби, луѓе кои треба да прават закони и да се борат против корупцијата, мора да се грижат за сопствениот интегритет и авторитет и да знаат кога, како и со кого треба да се дружат. Тоа е една основна работа за да бидеш еден висок политичар или висок обвинител, не можеш да бидеш на секој начин изложен на нешто што може да ти штети.

ЦИВИЛ МЕДИА: Забележлива е вашата фокусираност на тоа да бидете политичар кој се грижи за својата општина, меѓутоа, политиката во земјата секако дека има влијание што и самите, на некој начин, го имплицирате во претходниот одговор. Но, би сакал уште малку да се задржиме во доменот на политиката и да ве прашам какви се вашите позиции во партијата во чие име настапивте како кандидат за градоначалник и ја освоивте таа функција? Како стоите во и со ВМРО-ДПМНЕ во моментов?

ЈАНЧЕВ: Јас со ВМРО-ДПМНЕ стојам одлично, меѓутоа, имам мало недоразбирање со раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа недоразбирање доведе до мали промени. За мене тоа се несуштински и мали промени, од разрешување на потпретседател. Сепак, тој што е претседател на ВМРО-ДПМНЕ си го прави тимот околу својот кабинет, тимот на потпретседатели. Макар што не оправдувам, на некој начин, да речеме, султан партија, кога станува збор за партија, општество и јавни функции, јас сакам да функционираме заеднички, да ги сумираме сите мненија. Ако некој не ни одговара во разговорот да го тргнеме на страна, не е добра работа, од било која позиција.

И со моето разрешување како потпретседател јас сум си ВМРО-ДМПНЕ, стојам зад ВМРО-ДМПНЕ, си функционирам како таков со општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во општина Кавадарци и имам прекрасна соработка. Член сум на општинскиот комитет. Имаме соработка на дневна основа. Можам само едно да потенцирам, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци е сплотено и функционира добро. Тоа го покажавме на последните избори. Тоа го покажуваме во овој момент и ќе го покажуваме и во иднина.

Мислам дека сме единствена општина и редок пример, каде што јас како градоначалник го немам мнозинството во Советот. Мнозинството во советот го има Социјал демократскиот сојуз на Македонија. Меѓутоа, работиме како коалиција и имаме идеална и прекрасна соработка. Така што во Кавадарци, со промената на градоначалникот никој немаше никакви последици и реперкусии. Напротив, само се ускратија правата на некој, доколку мисли дека партиски може да во делот на јавните институции.

Митко Јанчев: Само можам да испратам порака дека ВМРО-ДПМНЕ треба да биде сплотена партија. Треба сите квалитетни и добри луѓе да бидат вклучени во раководството на партијата. Треба да биде прагматична партија. Треба да биде партија што размислува за иднината и мислам дека тоа е поттикот на ВМРО-ДПМНЕ, сега и во иднина, за што поскоро да формира централна власт, но со прагматични размислувања и компромиси. / фотографија: М. Ивановска/ЦИВИЛ

ЦИВИЛ МЕДИА: Значи од раководството на партијата од каде што доаѓате не врши притисок врз вас?

ЈАНЧЕВ: Не. Не врши притисок.

ЦИВИЛ МЕДИА: А дали Вие вршите притисок врз раководството да се реформира?

ЈАНЧЕВ: Апсолутно не. Само можам да испратам порака дека ВМРО-ДПМНЕ треба да биде сплотена партија. Треба сите квалитетни и добри луѓе да бидат вклучени во раководството на партијата. Треба да биде прагматична партија. Треба да биде партија што размислува за иднината и мислам дека тоа е поттикот на ВМРО-ДПМНЕ, сега и во иднина, за што поскоро да формира централна власт, но со прагматични размислувања и компромиси.

ЦИВИЛ МЕДИА: Кој е вашиот коментар за тоа како централната власт, и воопшто, како нашата земја може или треба да спроведе една стратегија за интеграција? Знаеме дека Владата донесе и стратегија за едно општество за сите. Дали имате некаков став или коментар за тоа како се развива таа работа која се однесува на односите меѓу заедниците? Дали имаме добри политики и практики во тој поглед?

ЈАНЧЕВ: Јас прво би го кажал примерот за Кавадарци, а потоа би го одговорил и прашањето за централно ниво.

Кавадарци има две цркви и една џамија. Џамијата постои уште од турско време, имаме верници од муслиманска вероисповед кои одат таму. Во моментов, имаме и православни и муслимански гробишта, кои ги почитуваме еднакво и инвестираме во нив еднакво. До крајот на годината ќе градиме и капела на муслиманските гробишта, затоа што немаат капела, и покрај тоа што се само 4 или 5% од вкупниот број жители на општината. Јас сметам дека таа интеграција, што треба да ја направиме, не е да кажеме – чекај тоа се само 4 или 5%. Не, напротив, треба да е за сите еднакво и не смееме да ги делиме луѓето по било која основа, туку треба да им се овозможи и да им се даде до знаење дека сите се исти. Ги почитуваме сите празници. Тераме и Ифтари, славиме Велигдени, апсолутно сѐ! Мојот прв комшија е човекот кој раководи со муслиманската заедница во Кавадарци и со џамијата.

Што се однесува на централно ниво, за да се постигне таа интеграција и да имаме општество еднакво за сите, најнапред треба големите политички партии дневно-политичките случувања да ги одделат и да ги тргнат настрана од национализмот, надвор од верата и да се посветат кон она што значи економија, транспарентност и прагматичност на една личност или партија која треба да го придвижи економскиот и социјалниот стандард на народот и на државата.

Сѐ додека мислиме дека со национализам или со поделба на луѓето ќе постигнеме политички поени, се движиме на кратки патеки. Власта како власт, никогаш не може да направи интеграција во општеството комплетно, доколку и другите партии го немаат истото размислување.

Сметам дека, без разлика на тоа која партија е на власт, треба да постои една кооперативност во тој дел за интеграција на целокупното општество.

ЦИВИЛ МЕДИА: Имаме ново Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, мислите дека со тоа подобро ќе се решаваат проблемите меѓу заедниците?

ЈАНЧЕВ: Јас лично тоа министерство би го дал да го води опозицијата, за да имаме едно комплетно општество, како што го замислуваат сите. Никогаш не би го дал на власта да го води.

Формирањето на едно такво министерство во едно општество како нашето е добро, меѓутоа, пак ќе повторам, тоа ќе биде под директна капа на власта. Не сметам дека ќе тргнеме напред доколку самиот народ не се екипира, а создавањето на тоа министерство треба да биде само една поддршка во правниот момент на сите заедници.

 

Митко Јанчев: Го покажав тоа и сакам да го оправдам, затоа што не мислам и немам намера да се вратам во семејството и во фирмата без образ или, пак, некој да ме сретне во државата или надвор од неа, да ми упати негативни зборови или пак со прст да ме покажува. / фотографија: М. Ивановска/ЦИВИЛ

ЦИВИЛ МЕДИА: Вие сте успешен бизнисмен, водите и сте дел од раководството на приватна компанија. Дали моравте и во политика да влезете? Зошто влеговте во политиката?

ЈАНЧЕВ:  Ќе бидам искрен. Имаше многу големи озборувања и шпекулации на почетокот, дека сум должен, дека некому му должам, дека треба да го сработам ова. Како што поминува времето, покажав и докажав дека вистината не е во тоа. Дека се работи за мој личен ентузијазам.

Дедо ми бил ѕидар. Мајстор којшто си го прехранувал семејството и направил куќа во Кавадарци со неговите две раце и две нозе. Татко ми доаѓа од државна компанија како механичар, отвора приватен бизнис за авто-делови и на крај дошол до добра идеја, заедно со чичко ми формираа фабрика за производство на минерална вода.

Нашиот раст како семејство и мојот личен како човек што бил сведок на сето тоа, ми дава голем ентузијазам и прагматичност, да имам решителност и да покажам дека, како што можеме да направиме од едно семејство што било на едно средно просечно ниво, а сега води компанија со 700 вработени, дека можеме и од општеството и државата да го направиме истото. Тоа ми е мотивацијата. Тоа ми е целта.

Го покажав тоа и сакам да го оправдам, затоа што не мислам и немам намера да се вратам во семејството и во фирмата без образ или, пак, некој да ме сретне во државата или надвор од неа, да ми упати негативни зборови или пак со прст да ме покажува.

Напротив, сакам да покажеме дека има луѓе кои навистина мислат на државата, за народот. Дека може да направат добро општество и држава. Имаме такви луѓе во државата и не смееме на малиот процент негативци да им дозволиме да го рушат ова општество.

Тоа е мојата перцепција за општеството. Имам три деца, коишто живеат тука и сакам да останат да живеат во нашата држава, и внуци и сите. Затоа мислам дека мора да го направиме ова општество подобро. Од седење дома и коментирање по кафани и по улици – нема напредок.

Разговорот го водеше: Џабир Дерала
Обработка на текст и транскрипт: Маја Ивановска
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Биљана Јордановска
Фотографија: Маја Ивановска

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share688Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ