• Latest

Мицкоски: Ако Заев навистина сака, нека достави до Собранието предлог за личните карти со европско знаменце

February 18, 2021
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Проф. Андонов поднесе Претставка за противзаконскиот избор на Петар Богојевски за “насловен доцент” на Воената академија

July 4, 2025
Фото: Јован Андоновски/Фејсбук

Андоновски: Данок за неженети? Не за авторитарни реликти во демократско општество!

July 4, 2025
Мерц и Трамп. Фото: илустрација, генерирано со ВИ

Мерц разговарал со Трамп за купување „Патриот“ системи за Украина

July 4, 2025

Маск ја реафирмира идејата за трета политичка опција по спорот со Трамп за буџетскиот закон

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

July 4, 2025

24 ЧАСА: Мицкоски со данок за ергени ќе ја реши демографската криза; Завршени вештачењата за Пулс и Онкологија; Судирите во Србија не стивнуваат

July 4, 2025

ЛАРИСА ДИР: И иднината на Украина и иднината на Северна Македонија е во Европската унија, две држави кои припаѓаат на европското семејство

July 4, 2025
фото: ВИ

Доста време ерген одев!

July 4, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија, Мухсин Арифи и неговиот човек од доверба за примање мито од 20.000 евра за болничко згрижување на лице

July 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски: Ако Заев навистина сака, нека достави до Собранието предлог за личните карти со европско знаменце

February 18, 2021 16:30
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски апелира надлежните институции веднаш да и излезат во пресрет на ДИК за да се обезбедат потребните терминали за земање отпечаток од прст. Има време процесот да се заокружи, смета Мицкоски, бидејќи до локалните избори остануваат уште седум месеци.

Одговорајќи на новинарски прашања по средбата со раководството на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Мицкоски потврди дека има сериозна забелешка од амбасадор на наша соседна држава околу предлогот законски да се овозможи наведувањето националност во личните карти.

Според него, преговорите за измените на Изборниот законик ќе продолжат и ќе бидат во насока на, како што рече, конкретни неколку точки: политички преговори околу една изборна единица со цензус, преференцијалните листи за следните локални избори за листата на советници, изборот на градоначалници во прв круг, гласањето на дијаспората и препораките на ОБСЕ.

– Преговорите ќе почнат, ВМРО-ДПМНЕ е подготвена, има сви аргументи за секоја од овие точки. Очекуваме со владиното мнозинство да се договориме и да ставиме точка на оваа рашомонијада, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на предлогот за впишување националност во личните карти, Мицкоски го повика Заев, ако навистина тоа го сака, Владата нека достави закон со европско знаменце до Парламентот.

– Ако ние инсистираме во личните карти да стои националната припадност и тоа да биде во патните исправи, ако навистина Заев сака тоа да го направи, зошто тоа не го направи сега  и да го достави законот во Собранието со европско знаменце за да можам да се идентификувам себе си како Македонец. Зошто не го направи ако навистина има толкава желба, туку преку оние на кои им обезбедуваше логистика и друг тип помош пред изборите за да краделе гласови од ВМРО-ДПМНЕ, тие му се на услуга и со 100.000 – 200.000 амандмани прават филибастеринг. Инаку, апсолутно да, има сериозна забелешка од страна на амбасадор од страна на една соседна држава, рече Мицкоски.

Тој уште еднаш апелира Владата да ги обезбеди терминалите за отчитување отисок од прст и го посочи примерот со Албанија која, како што напомена, тој процес го завршила за три месеци.

-Апелираме веќе еден месец да почне таа процедура која е законско решение. Во октомври 2020 претходниот претседател на ДИК  побарал средства од МФ, но не добил одговор, новиот претседател повторно побарал, па добил одговор, но дека парите ќе бидат обезбедени ако ДИК е подготвена да го спроведе законот. Тоа е исто како да ве прашаат дали сте подготвени да застанете на црвено или да продолжите. ДИК ….Веднаш ги повикувам надлежните институции да и излезат во пресрет на ДИК и ова да биде операционализирано. Има најмалку три начини како да се проведе постапката. Сите државни органи да и помогнат на ДИК како МВР. Има простор и време, ако можеше Албанија за три месеци за поголем број избирачки места и послаб интегриран систем да го почне и заврши овој процес, не гледам зошто ние сега седум месец пред кампањата да не го завршиме овој процес, рече Мицкоски.

Мицкоски ги отфрли како лаги наводите во некои медиуми дека Антонијо Милошоски фалсификувал документи додека бил во Германија.

-Истите тие што лажеа за „монструм“, за Младенов, за семафорот на Триумфална капија, за покачување на платата на 500 евра просек и што ветуваа пет отсто раст, се оние што денеска повторно лажат за Милошоски, рече Мицкоски.

Според него, и обвиненијата за Димитар Димовски и Миле Јанакиески се дефокус од реалните проблеми.

-Секогаш кога на Заев му е потребен дефокус од катастрофата со пандемијата, економијата, корупцијата, криминалот и хибридниот режим, ги вклучува механизмите кои ги поседува – полицијата, обвинителството, судството, а прв и дежурен виновник е Миле, а потоа Димитар зашто е дел од ВМРО-ДПМНЕ. Такво обвинение мислам дека деновиве ќе биде објавено во јавноста, но навистина не можам да ги разберам зошто сето ова го прават и зошто им се потребни сите овие политички гимнастики. Треба да бидат свесни дека ќе дојде денот кога ќе одговараат за злоупотреба на службена положба и овластување, рече Мицкоски.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ