Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека нема да поднесе оставка, бидејќи иницијативата на членовите на ВМРО ДПМНЕ за вонреден конгрес, според него е само во корист на Зоран Заев.
„Иницијатива за вонреден конгрес нема поднесено во архивата на ВМРО ДПМНЕ. Додека сум жив ќе се борам против самонаречените иницијатори кои се седнати во скут на Заев“.
Тој најави жешка есен за Заев, со тоа што најави масовни протести.
Д.М.