Разговараме за правда, ние сме политичари кои треба да се грижат за граѓаните да имаат загарантирана правда. Никогаш нема да престанам да се борам, без разлика на етничката припадност на нашите сограѓани. Ќе се борам до последна капка крв за секој граѓанин на Македонија, изјави лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по средбата со претседателот Стево Пендаровски.
-Загрижувачкото ниво на корупција е суштината која нас како политичари треба да не интересира. Ние не бараме амнестија туку правда. Тоз значи лугето кои се обвинети треба да добијат пресуда од втор степен. Никаде во извештаите не стои диктирани или напишани судски пресуди. Срамота е да бидеме единствена држава со 35 терористи, а сакаме да влеземе во ЕУ, изјави тој.
Според него политичарите треба да ги држат настрана рацете од обвиненијата и судските одлуки. Секој граѓанин треба да има право на одбрана и жалба.
-Тоа очекувам да го потврди како претседателот Пендаровски така и останатите политичари. Би бил најсреќен Зоран Заев да не влијае во судството, дополни Мицкоски.
Тој посочи дека ги одмрзнале односите со Пендаровски, по цена да се спасат човечки животи.