Премиерот е во прва официјална посета на Хрватска на средба со хрватскиот премиер Пленковиќ при што беа потпишани билатерални договори за соработка помеѓу министерствата за образование и наука и Министерството за здравје.
Мицкоски и во оваа прилика не пропушти да се пожали дека повеќе од две и пол децении откако го почнавме овој пат [интеграцијата во ЕУ], за жал се уште сме во еден вртлог во којшто нема извесен крај, иако желбата на македонските граѓани да бидат дел од семејството на Европската Унија е голема, рече Мицкоски на средбата со Пленковиќ.
Исто така тој му се заблагодари на Пленковиќ за поддршката којашто ја дава тој лично, но и хрватската Влада, во евроинтегративниот процес на нас како држава, како народ, како граѓани, но истовремено сигурен сум дека и на другите полиња меѓу кои и реформите во правосудството, реформите коишто се во другите области, исто така, ќе можеме заеднички да соработуваме и да ги црпиме хрватските искуства.
„За мене претставува голема чест и задоволство што еве денеска можам од овде од Загреб да се обратам како премиер на мојата прва билатерална посета и со големо задоволство можам да кажам дека на оваа прва билатерална посета помеѓу министерствата за образование и наука и Министерството за здравје беа потпишани билатерални договори со кои што значително ќе се подобрат односите на двете земји коишто се и онака би рекол братски, изјави Мицкоски.“
А.М.