И Мицкоски и Заев веќе го потврдија учеството во дебатата, која ќе трае два часа, објави Канал 5.
„Најавуваме динамична емисија, во која двајцата претенденти за иден премиер ќе имаат еднакви можности да ги кажат своите ставови, но и да реплицираат на ставовите на политичкиот противник“, соопштуваат од телевизијата.
Ова соочување, ќе биде прво по минатогодишниот „Дуел на деценијата“, а ќе се дебатира на сите актулени теми од домашната и надворешната политика, со посебен фокус на економијата..