Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата со премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски повтори дека ниту за него, ниту за ВМРО-ДПМНЕ францускиот предлог не е прифатлив и нема да го прифатат. Тој кажа дека на средбата имал понуда до Ковачевски.
„Му понудив да излезе и да го отфрли ова, а јас да се повлечам од барањето за предвремени избори и од активна блокада во Собранието. Само треба да го отфрли предлогот и да рече НЕ“, изјави Мицкоски пред новинарите по средбата со Ковачевски.
Идејата му била да ѝ помогнат на Владата во надминување на предизвиците кои ќе се појават претстојната зима, па на пролет да седнат и да направат реевалуација на актуелната состојба.