Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска не се појавил на информативен разговор во Полициската станица Центар.
Во полициската станица дошол неговиот правен застапник, информираа за МИА од МВР.
На Мицкоски од страна на МВР му била врачена покана да се јави на информативен разговор во ПС Центар денеска во 10 часот во врска со настанот во угостителскиот објект во Дебар Маало во Скопје.
Мицкоски на 4 јуни беше затекнат во затворен дел од угостителски објект на улица “Боемска” во Скопје, а на инспекторите кои сакале да извршат увид не им бил дозволен влез во објектот.
Потоа тој призна дека седел во внатрешноста на ресторанот, но кажа не бил доволно информиран за новите протоколи за заштита од корона вирусот.