• Latest

Мицкоски повторно ги уценува пратениците од ВМРО-ДПМНЕ: Ќе поднесам оставка ако гласате за уставните измени

August 23, 2023
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски повторно ги уценува пратениците од ВМРО-ДПМНЕ: Ќе поднесам оставка ако гласате за уставните измени

August 23, 2023 12:38
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Доколку само еден пратеник на партијата ја изневери мојата доверба и гласа за уставни измени, јас ќе се повлечам од политиката, ова синоќа го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Кичево, но вакивте закани и уцени кон пратениците на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ не се први, лани тој ги натера да потпишат нотарски изјави дека нема да гласаат за францускиот предлог и со истите мафташе пред тв камерите.

„Тоа го кажав и пред нецела година и стојам зад тоа. Ќе го слушнете Димитар Ковачевски дека јас сум се борел за фотелја. А јас кажувам дека ако само еден пратеник ме изневери, дека заминувам од политиката“, порача лидерот на опозициската партија.

Тој пред  една година покажа документи кои пратениците од опозицијата ги потпишале и ги завериле на нотар, а со кои ветуваат дека нема да прифатат промена на Уставот.

– Сакам јасно и гласно да се знае дека ништо не е готово, а народот не смее да очајува. Борбата продолжува и ќе победиме. Информацијата којашто денеска помина во Собранието нема никакво значење затоа што рамката ја усвојува Владата. Затоа, обврските кои произлегуваат од преговарачката рамка, а тоа е промена на Уставот со цел внесување на Бугарите, нема да помине во македонското Собрание. За тоа гаранција е ВМРО-ДПМНЕ и коалциијата. Народот може да биде спокоен. Ова не е 2019 година. Ова што го држам во рацете се документи потпишани од пратениците од опозицијата и заверени на нотар, а во кои се вели дека пратениците ветуваат дека нема да дозволат отворање на македонскиот Устав. Сите овие изјави се нотарски заведени. Нема отстапување ниту милиметар. Нема чекор назад, оти зад нас остана сѐ што имаме – порача Мицкоски.

Ова се случи при потпишувањето на Договорот за соработка со Бугарија, кога пред македонската јавност тој го критикуваше, омаловажуваше и плукаше по тој документ, за неколку дена подоцна пред Бојко Борисов и пред телевизиските камери да изнесе став дека договорот е добар и го почитува.

Оттогаш до денес Мицкоски постојано го менува ставот, а пратениците колку и да сакаат не можат да го следат оти кажаното денеска не важи утре. И после по емисии ќе признаваат дека сакаат Бугари во Уставот ама немале услови да гласаат. Па, никој не би имал услови за гласање да има лидер како Мицкоски.

Извор: Градска / С.Т.

Tags: ВМРО - ДПМНЕоставкапратенициХристијан Мицкоски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ