Само што ја прочита информацијата дека СДСМ донесе одлука да не се оди на предвремени парламентарни избори што ја објави ЦИВИЛ МЕДИА, Христијан Мицкоски веднаш нервозно реагираше на својата Фејсбук страница:
„Зоран Заев и СДСМ избегаа од избори, ама од волјата на народот нема!
СДСМ е во страв и хаос. Многу брзо ќе се соочат со вистината на сопствениот неуспех.
Колку и да бегаш Заев ќе те победам на парламентарни избори, затоа што народот ќе ве порази, ќе ја вратиме честитоста на нашата земја, Македонија ќе победи!“
На седницата на Извршниот одбор на СДСМ што започна околу 21:00 часот вечерва, СДСМ пресече: нема предвремени парламентарни избори.
На седницата преовладувала оцената дека реформите и интеграциите се поважни и дека предвремените парламентарни избори би имале негативни ефекти во динамиката на овие важни процеси за евро-атлантската иднина на нашата земја.
Против предвремени парламентарни избори се и меѓународната заедница и дел од домашните граѓански организации и експерти, според кои Владата мора да се посвети на реформите во земјата.
А. Зеќири