Притиснат од огромниот број негативни реакции во јавноста, премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека нема да има воведување на посебен данок за немажени и неженети лица, како што само пред три дена претходно објави самиот тој.
Ретерирајќи од сопстената изјава, Мицкоски се извини, како што рече „ ако некој погрешно погрешно ја протолкувал неговата иницијатива“.
Нема да има никакво финансиско оптоварување за оние кои се немажени или неженети. Мојата борба е за семејни вредности, но тоа не значи дискриминација,“ изјави Мицкоски.
Дообјаснувајќи ја разликата во изјавите, тој додаде дека неговиот политички став е дека Македонија треба да се врати кон традиционалните семејни вредности.
„Јас на изборите влегов со цел во читанките да има ‘јас, мама, тато, бато и дада’, а не ‘родител 1’ и ‘родител 2’. Јас се залагам за тоа да имаме мама и тато, затоа што тоа е нашата вредност и основа на општеството,“ рече премиерот, кој претходно се залачаше потрошувачката кошничка да се однесува на тричлено семејство.
Промената на ставот на премиерот доаѓа по негативните реакциите на јавноста на социјалните мрежи, но и на голем број експерти кои укажуваат дека оданочувањето на невенчаните лица ја дискриминира и ги загрозува човековите права на оваа група граѓани.
Д. Мишев