ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на изборите на 15 јули, соопшти Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.
„Двата услови кои ги баравме се прифатени, прво протоколи за заштита на здравјето на граѓаните, второ мисија на ОБСЕ и ОДИХР за заштита на волјата на граѓаните“, напиша Мицкоски.
Иако мисијата на ОБСЕ/ОДИХР се подготвуваа за избори на 5 јули, бидеји конкурсот за набљудувачи важи до утре, а веќе од 19 јуни ќе започнат со набљудување. Исто така и протоколите за безбедно гласање беа подготвени.