• Latest

Мицотакис ги претстави кандидатите за европратеници, меѓу нив и осудениот градоначалник на Химара

April 15, 2024

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Мицотакис ги претстави кандидатите за европратеници, меѓу нив и осудениот градоначалник на Химара

April 15, 2024 22:45
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Актуелни европратеници, новинари, професори, поранешни министри, но и градоначалникот на албанскиот град Химара, Фреди Белери, кој моментално е во затвор се меѓу 42-та кандидати за пратеници во Европскиот Парламент од редовите на Нова демократија, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчкиот премиер и претседател на партијата Кирјакос Мицотакис вечерва ги претстави кандидатите на неговата партија за евроизборите на 9 јуни, за кои рече дека се од различни области, но и порача дека Нова демократија „спојува различни струи во големата лулка на демократска модернизација и прогресивен патриотизам“.

Истакна дека оние кои ќе бидат избрани на изборите ќе ја претставува земјата во следниот Европарламент што ќе треба да се справи со многу големи предизвици.

– Нова Демократија во овие големи предизвици треба да биде силна. Ние сме партијата на Европа, ние сме партијата која ја внесе Грција во Европа, ние сме партијата која ја задржа Грција во Европа и ние сме партијата која постојано, секој ден, ја приближува земјата до Европа, истакна Мицотакис.

На денешната манифестација, секој од кандидатите имаше една минута за да се претстави, а соопштувањето на името на градоначалникот на Химара, кој останува во затвор во Албанија, предизвика овации кај присутните.

На почетокот на март, Специјалниот суд против организиран криминал и корупција во Тирана, му изрече казна затвор од две години на Фреди Белери, кој беше уапсен два дена пред локалните избори во мај минатата година за „купување гласови“.

Белери е припадник на грчкото малцинство и беше избран за градоначалник на приморското гратче Химара, а целиот случај ги заостри односите меѓу Грција и Албанија.

Tags: Европски ПарлементМицотакис
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ