Расположението на мнозинството членови на Алтернатива е за влез во Владата, велат за „Слободен печат“ од партијата. Високи функционери велат дека нема да бараат влакно во јајцето за да ја одбијат понудата, туку прифаќање на нивните програмски определби. Централното претседателство на Алтернатива утре вечер треба да реши дали ќе продолжат разговорите со премиерот Зоран Заев за зголемување на мнозинството во Собранието или ќе останат во опозиција. СДСМ, пак, на седници на Централниот и на Извршниот одбор, според најавите, утре ќе расправа за оставките на Заев од партиската и од премиерската функција, со што ќе почне постапката за избор на нов партиски лидер.
„Тоа бара и промени во законската постапка, врзана со извршителите, но и уредување на сферата со казината, односно ограничувања – каде и колку обложувалници да има“, велат од Алтернатива.
Лидерот на партијата Африм Гаши наводно побарал од Заев и да се утврдат рокови за реализација на проектите. За Алтернатива е битно и Владата да го истурка мандатот докрај.
Како што дознаваме, на Алтернатива ќе ѝ бидат понудени две министерски места, и тоа од некои од ресорите образование, здравство, труд и социјала, култура или земјоделие. Алтернатива бара гаранции и за заменици министри, но и повеќе директорски места.