• Latest

МНР и МО до портпаролката на руското МНР, Захарова – Северна Македонија ја поддржува Украина, навивачите се во тесна спрега со политичките врвови, ЕУ апелира тензиите околу Тајван да се решаваат со дијалог

August 3, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

МНР и МО до портпаролката на руското МНР, Захарова – Северна Македонија ја поддржува Украина, навивачите се во тесна спрега со политичките врвови, ЕУ апелира тензиите околу Тајван да се решаваат со дијалог

August 3, 2022 16:04
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

МНР и МО одговорија на изјавата на портпаролката на руското МНР, Захарова: Северна Македонија е суверена држава која одлуките ги носи самостојно

Република Северна Македонија е суверена држава која одлуките ги носи самостојно водејќи се од принципите на почитување на меѓународното право, Повелбата на ООН, принципите и заложбите на ОБСЕ за заштита на европската безбедносна архитектура и глобалната стабилност.

Северна Македонија уште од самиот почеток ја осуди воената интервенција во Украина и застана во поддршка на територијалниот интегритет, суверенитет и независнот на Украина, а пред се во поддршка на мирот, човековите права и меѓунаордниот поредок заснован на правила. Имено, досега, Владата на Република Северна Македонија донесе неколку Одлуки за воено – техничка помош со кои и помагаме на Украина во одбрана на својот територијален интегритет кој е загрозен од воената интервенција.

Република Северна Македонија како членка на најмоќниот воено – политички сојуз – НАТО Алијансата, одлучно стои зад позицијата и решителноста на Алијансата да биде гарант на мирот и безбедноста на своите земји – членки и да ги штити вредностите, слободата и безбедноста на сегашните и идните генерации, стои во заедничкото соопштение на МНР и МО кое се однесува на изјавата на портпаролката на руското МНР, Марија Захарова дека Русија смета дека е голема грешка одлуката на властите на Северна Македонија да и донираат на Украина тенкови Т-72.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Анастасовски: Навивачките групи се во тесна спрега со политичките врвови

Веќе е изгубена суштината на поддршката и бодрењето на клубот за кој се навива, бидејќи преку спортските натпревари (Лига на шампиони или Куп на УЕФА) најлесно може да се испрати вербална (аудио) порака или говор на омраза кон друга етничка заедница, или да се упати политичка порака /провокација, вели проф. д-р. Иван Анастасовски, за ЦИВИЛ Медиа.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ОБРАЗОВАНИЕ Грковска и група средношколци симулираа владина седница: Праведна држава со нулта толеранција за корупцијата, квалитетно образование и ефикасно здравство се областите за кои треба брза акција.

ХОЛОКАУСТ Претседателот Стево Пендаровски по повод 2 август – Европскиот ден на сеќавање за холокаустот врз Ромите ја упати следната порака: Ромскиот народ е нераскинлив дел од македонскиот општествен мозаик кој ги споделува стремежите и жртвите во борбата за слободно општество. Таа коегзистенција треба да продолжи во духот на солидарноста, хуманоста и меѓусебната почит, истакна Претседателот.

Европската унија денеска апелираше тензиите околу посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, на Тајван да се решат со дијалог и каналите за комуникација со Кина да останат отворени, за да се избегне „опасноста што може да произлезе од погрешна проценка“, пренесува МИА.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси денеска изјави дека најголемата европска нуклеарна централа во Украина, Запорожје е „целосно вон контрола“ и Русија и Украина мора итно да дозволат експерти да го посетат комплексот со цел да се стабилизира ситуацијата и да се избегне нуклеарна катастрофа, пренесува МИА.

*

Важна цел за Украина е да обезбеди регуларност на снабдувањето со жито за извоз, изјави претседателот Володимир Зеленски во своето видео обраќање во вторникот навечер. Тој истакна дека првиот брод со украинско жито пристигна на Босфор, минувајќи низ специјален коридор во Црното Море, со кој беше договорено да се деблокираат нашите пристаништа.

*

До први август 2022 година, од почетокот на руската инвазија на Украина,загинале 358 деца, а повеќе од 693 деца се повредени. Поради активните воени дејствија во погодените региони, не постои можност за увид во областите на гранатирање и уништување.

Од 24 февруари досега, 183 верски објекти во 14 региони на Украина се целосно уништени или оштетени во различен степен.

*

Шефот на полската дипломатија Збигњев Рау денеска во Жешов на југот на Полска, по враќањето од Украина, информираше дека и покрај противењето на Русија, ОБСЕ ќе продолжи со присуството во Украина и дека е постигнат договор со украинските власти за продолжување на мандатот на мисијата.

*

Пентагон во вторникот ги демантираше руските тврдења дека уништиле шест ракетни системи ХИМАРС од американско производство од почетокот на конфликтот во Украина,  пренесува Укринформ, повикувајќи се на Ројтерс.

СЛОБОДНА ЗОНА

Никица Корубин

Во име на слободата на говор и заштита на истата, слободно зборувајте во свое име, без заштита и без покритие, без лажен ексклузивитет, и без „одбрана на истиот“, затоа што секако на лично ниво, „народот“ е апстрактен колку што е апстрактна и лажната грижа за него. Нешто слично како и грижата за граѓаните, со таа разлика што на граѓаните како индивидуалци со сопствен став, не им треба ничија „света одбрана“. Им треба организиран и функционален систем, со права и одговорности. А, народот? Па, народот е секој од нас, колку што сме и ние дел од народот. Ама, како поединци, а не како маса, пишува Никица Корубин во колумната „Во името на народот“.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ