Фудбалерите Александар Трајковски и Енис Барди, како и селекторот Благоја Милевски ќе добијат дипломатски пасоши од страна на Министерството за надворешни работи, пренесе ТВ 21.
Ова на брифинг го соопшти министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој додаде дека поводот за
оваа одлука е историскиот гол и големата победа над Италија.
Македонската репрезентација утре заминува за Порто, каде во вторник треба да играат со Португалија.