• Latest
Фото: миа.мк

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

April 19, 2024
Фотографија: СДСМ

Шукова: Опструкциите на ДПМНЕ и Арсовска го држат Скопје во метеж, ќе ја деблокирам изградбата на мостот кај Љубљанска

August 30, 2025
Фото: Скриншот од видео на
The White House

Суспендирана одлуката на Трамп за забрзана депортација на мигрантите

August 30, 2025
Фото: Цивил

Апсолутно не може да стане збор за подобрување на животниот стандард – инфлацијата е скоро 5%

August 30, 2025
Фото: Скриншот Х

Калас: Без да плати репарации, Русија нема да ги добие замрзнатите средства во ЕУ

August 30, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Поранешен украински претседател на Врховната Рада убиен во Лвив

August 30, 2025
Фото: МИА

ЕУ останува поделена какви санкции да воведе за Израел поради војната во Газа

August 30, 2025

Албански блок 2025: Три сценарија за локалните избори

August 30, 2025

САД на седницата на СБ на ОН ја предупредија Русија да преземе чекори кон мир

August 30, 2025

СДСМ предупредува за политички и бизнис влијанија врз независни кандидати

August 30, 2025
Фотографија: ДЗС

ЦУК: Еден активен пожар, пет се под контрола

August 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

April 19, 2024 13:19
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: миа.мк

Фото: миа.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Нема нови пријави од наши граѓани кои се наоѓаат во Израел и во регионот на Блискиот исток за евентуална евакуација, изјави денеска шефот на димплатијата Бујар Османи.

-Во моментов немаме нови барања. Постојано ја следиме состојбата. Утринава повторно имав разговор со нашиот амбасадор во Израел. Имало некои информации дека во текот на ноќта Израел го има нападнато Иран, меѓутоа се уште не се потврдени и затоа не ве информирав по тоа прашање.Меѓутоа тоа се информаците од утринскиот разговор што го имав со нашиот амбасадор, но немаме барање ниту преку СОС телефонот ниту преку нашата Амбасада за евакуација, рече Османи на новинарско прашање по изјавата во Стопанската комора на Северна Македонија каде беше во рамки на изборните активности како претседателски кандидат.

Тој посочи дека САД денеска има препорака до нивните граѓани да не го напуштаат Тел Авив и главните центри на Израел поради можни напади. Најави дека денеска и нашето МНР ќе упати порака за претпазливост до нашите државјани таму.

-Во текот на денот и ние ќе ги информираме нашите граѓани иако постојано сме во комуникација со тие што се таму, вели Османи.

Амбасадата на САД во Израел денеска им порача на своите вработени и нивните семејства да ги ограничат своите движења по извештаите дека Израел извршил одмазднички напад врз цели во Иран.

По нападите од саботата на Иран врз Израел во МНР беше формиран Кризен штаб чија примарна задача е да организира извлекување на македонските државјани од Израел и од поширокиот Блиски Исток доколку за тоа има потреба. На почетокот од седмицата МНР информира дека само еден македонски државјанин побарал да биде евакуиран од Израел по повикот упатен до наши државјани кои во моментов се наоѓаат во таа земја и поширокиот регион на Блискиот.

Се проценува дека околу 50 македонски државјани се наоѓаат во Израел. Кризниот штаб нема конкретна бројка на македонски државјани кои се наоѓаат во околните земји, а единствениот начин да се дојде до тоа е преку нивно пријавување во нашите амбасади. Османи на почетокот од неделава им препорача на нашите граѓани кои се во тој регион да се пријават во Амбасада, да остават телефонски броеви, доколку се влоши ситуацијата да можат да бидат контактирани.

Покрај Амбасадата во Тел Авив на нашите граѓани на располагање им стојат и амбасадите во Каиро, Абу Даби и Катар. Сите државјани кои се наоѓаат во посочениот регион можат да стапат во комуникација со нашата Амбасада во Тел Авив на дежурниот телефон 972 549 267 378 како и СОС дежурните телефони на МНР  075 273 732 и 075 268 376 со цел подготовки за евентуална евакуација.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ИзраелМНР
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • 24 ЧАСА: Обвинет таткото-насилник кој тепаше малолетни играчи; како ВМРО-ДПМНЕ ја разбира статистиката – експлозивна изјава на Бранимир Јовановиќ; алармантен рекорд на насилството врз новинарите во Србија; оружје за 825 милиони долари од САД за Украина

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ