• Latest

МНР на Украина: Русија не го почитува прекинот на огнот, продолжува со бомбардирање, дезинформира дека украинските власти го попречуваат евакуирањето на цивилите

March 5, 2022
Скриншот од страницата на окружниот совет Лудвигслуст-Пархим

Германската крајно десничарска партија AфД во Лудвигслуст има руска е-мајл адреса

November 18, 2025
Фото: Скриншот од видео од профилот на Доналд Туск на Х

Двајца Украинци кои работеле за руското разузнавање осомничени дека стојат зад саботажата на железничката пруга во Полска

November 18, 2025
Александар Вучиќ (кафеав елек) со Воислав Шешељ над Сараево за време на српската опсада. Скриншот од видео на Sandžak Avaz

Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево Сафари“

November 18, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Јужноафриканец чека депортација откако му беше одземена австралиската виза поради учество на антисемитски неонацистички митинг

November 18, 2025

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

November 18, 2025
Газа. Фото: Х

Палестинската управа го поддржа планот на ОН за Газа

November 18, 2025

Cloudflare „падна“ – Time.mk и бројни сајтови недостапни поради технички проблеми

November 18, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Полскиот министер за одбрана: Сите докази за саботажата на железничката линија во Полска укажуваат на Русија

November 18, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир: Руски ракети го погодија регионот Харкив, при што загина 17-годишно девојче – меѓународната поддршка е клучна, Русија нема да запре без цврст глобален притисок

November 18, 2025
Марта Кос(Фотографија: Википедиа)

Кос: Време е за проширување на проширувањето – Европа нема време за губење

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

МНР на Украина: Русија не го почитува прекинот на огнот, продолжува со бомбардирање, дезинформира дека украинските власти го попречуваат евакуирањето на цивилите

March 5, 2022 15:32
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Прекршувајќи ги постигнатите договори, вооружените сили на Руската Федерација продолжуваат со ракетни и бомбашки напади врз Мариупол, Волноваха и други украински градови, соопшти Министерството за надворешни работи денеска, 5 март.

Украинското МНР ја алармира светската јавност дека тековното гранатирање го оневозможува отворањето на хуманитарни коридори за безбедна евакуација на цивилите и испорака на лекови и прехранбени производи.

„Тврдењата на Министерството за одбрана на Руската Федерација за наводно создавање пречки од страна на украинските власти за заминување на жителите од опколените градови не се точни и се дезинформации за оправдување на криминалните дејствија на руската армија“, се вели во соопштението на МНР на Украина.

Исто така, украинската страна истакнува дека руската страна ги игнорира апелите на меѓународните хуманитарни организации, особено на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, за прекин на огнот со цел да се создадат безбедни услови за заминување на цивили и повредени луѓе.

Украина предупредува дека постапките на Русија се грубо кршење на Женевските конвенции и се класифицирани како воено злосторство според Римскиот статут.

„Ја повикуваме меѓународната заедница – државите и меѓународните организации – веднаш да го осудат грубото кршење на договорите за отворање хуманитарни коридори од страна на Русија и да ја повикаат Москва да им нареди на руските трупи да прекинат со огнот“, повикува Украина.

„Украина, заедно со вклучените хуманитарни организации, е подготвена да го евакуира цивилното население веднаш штом се создадат безбедни услови за тоа“, уверува украинското МНР.

Според податоците на ОН, еден милион бегалци ја напуштија Украина за само една недела.

Во меѓувреме, низ целиот свет се одржуваат протести против руската воена агресија и убивањето цивили во Украина. И во Скопје ќе се одржи протест против воената агресија врз Украина, на плоштадот „Македонија“ со почеток во 14 часот.

ЦИВИЛ е првата организација во Северна Македонија и меѓу првите во светот што ја осуди руската воена агресија врз Украина. На 25 мај, меѓу другото, ЦИВИЛ објави:

„Војната што ја поведе Путин е војна и против човековите права и слободи на руските граѓанки и граѓани! Слободата и мирот во Украина значат слобода и мир за целиот свет! НЕ на Путин, НЕ на војната и ДА за слободата, демократијата и мирот! Барањата за мир се висок патриотски чин! Да се сопре воинствениот деспот во Кремлин!“

#ПоддршкаЗаУкраина

ЦИВИЛ на својата медиумска платформа редовно објавува релевантни, точни и навремени вести, анализи и колумни од самиот почеток, кога Путин нареди натрупување на воените сили на украинските граници.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ